Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Секс и Врска

Во добро и во лошо: Љубовта која ги разнежни срцата и го трогна светот!

Јан и Лариса Марфи покажаа што е вистинска љубов. Јан доживеал тешка повреда на мозокот,  Лариса го негувала, а се венчале кога почнал да комуницира…

Приказната почнува вака:

Се запознале 2005 година на факултет и се забавувале десет месеци пред да одлучат да се венчаат. Меѓутоа се умешала судбината и Јан во 2006 година доживеал тешка сообраќајна несреќа каде се здобил со тешки повреди на главата.

“Ме држеше тоа што знаев дека ме сака иако не можеше да разговара  со мене. Сега кога ќе се сетам…Веројатно изгледавме чудно. Излегувавме, а Јан не можеше ни да разговара, ни да јаде сам“, раскажува Лариса. Како што почнала да му се подобрува состојбата, се појавила надеж за брак, но Лариса чекала да почне да комуницира. Знаела дека пред несреќата Јан купил веренички прстен.

Во меѓувреме на неговиот татко му дијагностицирале рак на мозокот. Тој бил оној кој инсистирал да се земат. На крај, не ја дочекал свадбата…

Отишла со Јан кај судија да бара дозвола за брак бидејќи Јан не можел сам да го стори тоа. “Вие двајца сте пример за вистинска љубов. Верувам дека вашиот брак нема да биде допринос само за вас двајцата, туку и шанса за заедницата да ја погледне вистинската љубов во очи“, им рекол судијата.

Се венчале. Го немале првиот танц, ни пак можеле да застанат пред олтарот…

“Тагата е жител на нашите дваесетти. Целиот свет се забавува во тие години. А ние тогаш гледавме како тлото ни се руши под нозе заедно со белото комбе кое го чукна. Гледаме како нашите пријатели се женат и како се здрави. Гледам како сестра ми и нејзините пријатели танцуваат со нивните дечковци. Гледавме како неговиот татко се бори и умира од рак, но и покрај сето тоа животот продолжува. На крај, се е многу едноставно: Се сакаме!“, објаснува Лариса.

httpv://www.youtube.com/watch?v=AEBzPi2GbkI

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Green Tea

Темните кругови можат да нè направат да изгледаме уморни дури и кога сме се наспале добро. Тие исчезнуваат веднаш штом ќе го ставите ова...

Green Tea

Многу рецепти за колачи наложуваат додавање на јајцата едно по едно. Професионалната слаткарка Кристина Лавали за списанието Southern Living објаснува дека ова не е...

____celebrity

Тејлор Свифт пристигна на 60-тото доделување на наградите на Здружението за кантри музика (CMA) во Нешвил, облечена во светложолт фустан без прерамки, со долго...

Green Tea

Дознајте како да го заштитите од студот и правилно да се грижите за него во текот на зимата. Поинсетијата е еден од најубавите украси...

Advertisement