Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Здравје

Две намирници кои сосема го уништуваат вашиот метаболизам

Американскиот нутриционист др. Џон Боуден смета дека одредени состојки го уништуваат метаболизмот, поради што се таложи опасното сало.

Сте забележале дека некои луѓе јадат повеќе од вас но не се дебелат. Тоа се оние чиј метаболизам работи оптимално. Кај нив храната преминува во енергија, а не се таложи како масно ткиво.

Се повеќе производи содржат високофруктозен пченкарен сируп (High Fructose Corn Syrup – HFCS). Др. Боуден смета дека ова е состојка што предизвикува зависност. Штетата настанува веднаш бидејќи нивото на шеќерот во крвта нагло и неприродно расте. Телото затоа лачи инсулин кој потикнува таложење на масно ткиво, особено на стомакот и половината.

Ако имате вишок килограми и често копнеете за благо, веројатно веќе сте навлечени на (High Fructose Corn Syrup – HFCS), смета др. Боуден, но вели дека постои спас од оваа зависност.

Друга намирница која го уништува метаболизмот е глутен. Го има во храната што содржи житарици, а кај многумина предизвикува осетливост на глутен, наталожување на маснотии и проблеми со варењето на храната.

Проблематично е тоа што денес користиме генетски модифицирана пченица и хибриди со многу поголема содржина на скроб и глутен, многу повеќе кодирани хромозоми и многу видови нови протеини.

Решение?

Ќе ви помогнат конкретни чекори. Во почетокот треба да ги исфрлите сите производи кои содржат (High Fructose Corn Syrup – HFCS) или глутен.

Не јадете повеќе од три кришки леб дневно или други пекарски производи.

Кога купувате задолжително прочитајте ги состојките и ако видите дека во овошниот сок или некој друг производ има (High Fructose Corn Syrup – HFCS) – не купувајте!

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Green Tea

Доколку здравјето на срцето е еден од вашите приоритети, знаете дека исхраната е многу важна. Избегнувањето храна богата со натриум и додадени шеќери, заедно...

Green Tea

Кардиологот д-р Франческо Ло Монако предупреди за 4 вида напитоци кои често се рекламираат како подобар избор за вашето здравје, но според него, реалноста...

Green Tea

Витаминот А е суштинска хранлива материја која го поддржува здравјето на кожата, очите и репродуктивното здравје, како и имунолошката функција. Преформираниот витамин А, или...

Life Story

Според Центарот за тестирање на инфекции со кандида во Флорида, овој едноставен тест со вода најдобро е да се направи веднаш по будењето. Пред...

Advertisement