Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Здравје

Знаете ли на која температура треба да ги перете алиштата за да ги отстраните бактериите?

Перењето на 40 степени можеби не е штетно за околината, но не ги убива повеќето бактерии, тврди новото истражување. Една од четери работи испрани во машина на 40 степени, содржи фекални бактерии.

Микробилозите откриле дека една од четири работи кои се перат на 40 степени содржат трагови од бактерии кои обично се наоѓаат во фецесот. Научниците тестирале над 1000 парчиња детска облека и постелнина донирана од родителите.

Половината од примероците ги испрале на 40 степени, а другата половина ја анализирале неиспрана.

Резултатот не бил изненадување, бактерии имало подеднакво во двете групи облека.

“Луѓето веруваат дека перењето е доволно за да се отстранат бактериите, но не е така. Иако мирисаат добро, не значи и дека се чисти“, се вели во студијата.

И додека ниските температури се добри за природната средина, не може да се каже дека се добри и за нашето здравје. Бактериите и вирусите како инфлуенца и ешерихија ќе преживеат доколку облеката и се друго перете на пониска температура од 60 степени.

Докторите препорачуваат се што перете, да перете на минимална температура од 60 степени, а ако нешто мора да се испере на пониска температура, задолжително да додадете и средство за дезинфекција. Студијата покажала дека околу 10 000 микроорганизми се наоѓаат во секој пар “чисти“ чорапи.

Од друга страна, бактериите можат да се размножуваат и во самата машина за перење, па за да го спречите ова, еднаш месечно пуштете ја празна да пере на 90 степени.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Сите зборуваат за романсата помеѓу русокосата актерка и познатиот актер. Во последните денови, сите зборуваат за љубовната врска помеѓу Памела Андерсон (58) и Том...

Fashion

Ева Лонгорија повторно беше една од главните ѕвезди на гламурозната вечер. Ева Лонгорија повторно беше една од главните ѕвезди на гламурозната вечер во Кан,...

____celebrity

Борбата на Брус Вилис со деменцијата ја тресе јавноста со години. Борбата на Брус Вилис со деменцијата со години го потресува неговото семејство и...

Green Tea

Витаминот Д игра клучна улога во одржувањето на здравјето на коските, зајакнувањето на имунитетот и правилното функционирање на телото. Витаминот Д е еден од...

Advertisement