Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

КУЈНА

Крем – пита

Потребни намирници:

1 пакет кори од 400 гр

100 гр путер

4 филџани шеќер

2 филџани вода

1 литар млеко

3/4 филџан брашно

2 ванили

6 – 8 јајца поделени на жолчки и белки

Ги кршиме корите во тава, ги поросуваме со мали парчиња путер / 50гр/ и ги поставуваме во рерна да се зацрвенат при што ги промешуваме од време на време.

 

Го подготвуваме шеќерниот сируп од 2 филџани вода и 2 филџани шеќер, врие околу 5 минути на шпорет, ги додаваме ванилите и е готов. Ги полеваме оладените кори и ја покриваме тавата со фолија, за да можат корите да го упијат сирупот. Им треба најмалку еден час.

 

После тоа го подготвуваме кремот. Во тенџере го мешаме брашното со еден филџан шеќер, ги додаваме жолчките и мешаме добро.

 

Го загреваме млекото и го дадаваме бавно и внимателно во тенок млаз во тенџерето со шеќерот и жолчките. Мешаме постојано на слаб оган до згустување на кремот. Не грижете се ако има мали грутчиња, можете да ги разбиете со миксер или пасатор. Кога кремот ќе се олади го додаваме и останатиот путер, 50 гр, ванилата и мешаме.

 

Откако корите ќе го упијат сирупот, го исипуваме кремот врз нив.

 

Ги матиме белките додека не се направи густа пена, при што постепено додаваме во нив шеќер, еден филџан. Ги додаваме белките врз кремот во тавата.

 

Ја загреваме рерната само на горен пекач или со горен вентилатор на 160-180 степени и ја поставуваме внатре крем питата само додека белките добијат малку кафена боја од горе и се стегнат, околу десетина минути. Не треба да се втврдне многу.

 

Кога ќе остине, ја ставаме питата во фрижидер до следниот ден.

 

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Пејачката Шакира синоќа настапи на финалето на Светското првенство, а во таа пригода носеше уникатен костим креиран од брендот Роберто Кавали. За оваа пригода,...

Life Story

Сè повеќе луѓе ја воведуваат оваа навика пред ручек. Високиот холестерол доведува до натрупување на плаки во крвните садови, што може да доведе до...

Green Tea

Ако се сеќавате на трендот „Моќта на шминката“ кој беше исклучително популарен пред една деценија, тогаш не ни треба многу убедување за трансформативната моќ...

Green Tea

Антибиотската терапија е неопходна за уништување на бактерии и бактериски инфекции, но додека се прави тоа може да предизвика колатерална штета во дигестивниот тракт....

Advertisement