Потребни состојки:
180 гр брашно
250 мл млеко
1 супена лажица кисело млеко
4 јајца
1 пакетче ванила
40 гр путер
2 банани
Ги матиме јајцата во висок сад, постепено додавајќи ги млекото и брашното додека не добиеме густа каша. Потоа ги додаваме киселото млеко и ванилата.
Во загреан, намачкан со масло сад додаваме од кашата – по една голема лажица и откако малку ќе се испржи додаваме сецкани банани и вртиме да се испржи и од другата страна се додека не добијат златна боја.


You must be logged in to post a comment Login