Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Секс и Врска

За изневерувањето оправдување… Нема!

Јас сум од оние жени кои секогаш одговараат со разбирање. Прво ќе ислушам, ќе размислам и тогаш можеби ќе обвинувам. Но има нешто што никоаш нема да разберам, а уште помалку да прифатам. А тоа е неверството. За него оправдување нема! Особено омилено ми е : “Нештата со партнерот не ми одат, па затоа…” Бидејќи мислам дека проблемите во врската не се решаваат откако ќе созададеш нови.

Најпарадоксално во целата работа е дека неверството нема апсолутно никаква смисла! Зошто? Ќе ви кажам неколку причини, па самите проценете.

Мажите кои изневеруваат, сеуште ја сакаат партнерката!

Многу малку се оние кои одат по туѓо, бидејќи она што им е во куќата, не ги возбудува емоционално. Обично мотивите се: недоразбирања, здодевен секс, недостаток на разновидност… Нешта кои со малку напор можат да се подобрат.

Мажите се мразат потоа!

Нели не верувате дека се способни до таков степен да ја исклучат совеста и да не им е грзно откако ќе изневерат? Да не кажам дека некои од нив дирекно се презираат! Не случајно стануваат мили и романтични кон партнерот. Па, кажете ми, тоа внимание и таа љубов нели е логично да се даде пред неверството? Да се задржи возбудата и емоциите, а не да се искупува вината!

Жените дознаваат!

Дури и да немаат докази, повеќето дами имаат силно чувство! И дури и да одлучат да се помират со неверството, ништо веќе нема да е исто. Изневерувањето чини самодоверба, и те тера да се запрашаш имаше ли смисла да даваш толку за овој човек, можеш ли повторно да му веруваш? Се фактори кои никогаш нема да избледат целосно. Исходот е дека поради еден секс, растураш врска градена со толку љубов и надежи.

Неверството не лекува комплекси!

Сигурно има многу мажи кои ќе се навредат, но за мене неверниците се апсолутни комплексари! И ако тоа те прави да се чувствуваш повеќе “маж”, тогаш ќе ти кажам дека си далеку од таа фантазија.

Не е фер!

Зарем заслужува да ја мамиш и да ја понижуваш? Помалку достојна ли е од тебе?!

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Шокантна приказна за познат актер. Актерот Мет Лебланк, познат по улогата на Џои Трибијани во ТВ серијата „Пријатели“, поминал низ еден од најтешките периоди...

____celebrity

Кејт Мидлтон пристигна во Италија, започнувајќи го своето прво самостојно патување во странство откако ѝ беше дијагностициран рак во 2024 година. Принцезата од Велс...

Green Tea

Која крема за сончање треба да ја купите? Заштитата на кожата од сонцето во текот на летото е многу важна, а дерматолозите предупредуваат дека...

Green Tea

Овие фрази полека ја уништуваат љубовната врска. Сите парови поминуваат низ предизвици, но проблемите во врската не исчезнуваат сами од себе. Иако е полесно...

Advertisement