Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Секс и Врска

Богатите парови не се среќни

Денес парите и љубовта се повеќе зависат една од друга. Многу жени сосема искрено велат дека не би сакале да бидат со сиромашен маж. Други пак, колку и да тврдат дека веруваат во вистинската љубов, сепак потајно се надеваат да ја споделат во рацете на некој богат господин. Но вистината е дека парите се повеќе ги усложнуваат меѓучовечките односи!

Американските научници спровеле истражување со кое утврдиле дека брачните двојки кои се стремат кон богатство се многу по несреќни од идеалистите.

Се покажало дека партнерите кои не ги сметале материјалните добра за приоритет, се радуваат на многу здрава и стабилна врска.

Според статистиката, колку повеќе пари има едно семејство, толку поголеми се неговите проблеми.

Психолозите се согласуваат дека кога двајцата сопружници работат премногу, тоа неминовно води до проблеми во нивните односи. Во некои случаи тие ја заменуваат празнината со љубовници, во други едноставно забораваат што ги натерало да се оженат. Ја доверуваат грижата за децата на дадилки и ги пропуштаат важните моменти од нивното детство.

Друг парадокс е дека богатите двојки имаат помлку деца. Обично во семејствата со добри финансиски можности, се одгледуваат две деца. Луѓето со над пет наследници пак, најчесто не можат да се пофалат со голем буџет.

И што на крајот? Ако се ожениш за љубов без пари, те очекуваат страсни ноќи и тешки денови. Ако е брак заради сметка, не е јасно каде ќе му излезе… сметката! Да, секое нешто си има цена, но сепак ние сме за страсните ноќи! А вие?

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Холивудската актерка Сандра Булок отворено зборуваше за своите почетоци во филмската индустрија, присетувајќи се на непријатни искуства од аудиции, но и на клучни одлуки...

Four Seasons

Малта, Барселона и Лисабон се издвојуваат како одлични дестинации за краток есенски одмор, нудејќи пријатно време, помали гужви и пониски цени. Есента не значи...

Green Tea

Може да се појави чешање или печење во устата, осип, оток и други алергиски симптоми. Доматите се основна храна на летните трпези на многу...

Green Tea

Ако вашиот iPhone се изгуби откако ќе се испразни батеријата, мрежата „Find My“ може да ги лоцира поддржаните модели дури и кога се исклучени....

Advertisement