Доколку сте се прашувале како на некои луѓе им успева да изгледаат среќни во своите врски, веќе го најдовте одговорот. Ви откриваме кој е главниот “виновник“ за љубовната среќа:
Среќата е клучна работа во животот. Човек секогаш трага по неа бидејќи покрај сите проблеми кои го пресретнуваат во текот на животот таа е се поретка состојба отколку би требало да биде. Но вистинските луѓе никогаш не се откажуваат од потрагата и упорноста, па секогаш ја наоѓаат. На некои од овие луѓе патиштата им се вкрстуваат, се спојуваат, а потоа заедно продолжуваат да ја бараат животната среќа. Токму такви парови се оние на кои им завидувате и поради кои секогаш кога ќе ги сретнете на улица се прашувате како им успева да бидат така насмеани еден покрај друг.
Се работи за начин на живот и начин на размислување проткаени со оптимизам и постојана борба. Нивната тајна всушност и не е тајна, ни пак е длабоко скриена. Таа е достапна за сите, но повеќето одбиваат да ја видат. Меѓутоа за промена никогаш не е касно, а доколку сакате да си го разубавите својот живот, дознајте како тоа го прават среќните парови.
Не ги критикувајте неговите пријатели и семејство
Вашето семејство смеете да го критикувате само вие и никој друг. Што значи дека вашиот партнер не смее да има коментари за вашите драги личности. Затоа и сами морате да бидете внимателни со оценките за неговото семејство и пријателите.
Непожелните совети сочувајте ги за себе
Бидете подршка и сослушајте ги неговите проблеми, но пробајте да избегнувате “сезнајко“ пристап. Наместо да се наметнувате со вашите совети, дајте му на партнерот простор за сам да одлучи и да стекне искуство со помош на проби и грешки. Ист таков третман барајте и вие од него.
Не се навраќаат на старите аргументи
Кавгите во врските се повторуваат бидејќи паровите често не ги решаваат проблемите до крај. Недоразбирањата кои се таложат додека не прераснат во голем проблем можат да имаат кобни последици на врската. Затоа е важно за проблемите да се разговара во моментот кога ќе се случи и да се разреши со заеднички сили.
Еден на друг сте си секогаш на прво место
Припазете на надворешни негативни влијанија кои го попречуваат вашето внимание и бараат од вас дополнително ангажирање – на пример работни обврски или посесивни пријатели. Среќните парови се караат подеднакво како и оние кои се разведуваат, но тие знаат како кавгата да ја свртат во своја корист и со заеднички сили да го решат проблемот. Поставуваат цврсти граници околу себе и не дозволуваат надворешните фактори да го попречуваат успехот на нивната врска.

You must be logged in to post a comment Login