Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Секс и Врска

Препознајте ја на време: Шесте типови на спонзоруши

Овој “приватен бизнис“ не е од вчера, но темата стана актуелна во 90-те години. За спонзорушите се напишани доста текстови. Најчесто ги представуваат како 18 годишни шмизли со нула мозок – но не се сите спонзоруши исти.

Клише

Навистина е плавуша и носи push up со длабоко деколте преку ден. Навистина е тинејџерка и слуша фолк. Во суштина таа само посакува да биде спонзоруша, но реално не е. Максимум што ќе успее да извлече е безплатен пијалок и линија кокаин. Ќе успее да улови (но за една ноќ само) некој новопечен политичар или бизнисмен и тоа е тоа. Но на крај сепак ќе се смува со некој на нејзина возраст што нема пари, бидејќи неможеш да го сакаш она што не си го видел. Таа пари никогаш не видела, така да ќе се воодушеви и со маичка, но ни тоа нема да го добие.

Татина маза

Тато секогаш ја чувал како капка вода на дланка и и ги исполнувал сите желби, па затоа истото ќе го прави и нејзиниот дечко. Не затоа што е спонзоруша, туку затоа што така навикнала. Жените се слатки, а мажите тоа го плаќаат. Според неа тука нема ништо ненормално. Секако на обичните луѓе таа секогаш ќе им изгледа како спонзоруша од најлош вид, но вистината е дека таа е само татина размазена миленичка.

Провинцијалка

Сиромашно дете од провинција кое дошло да бара место под сонцето во големиот град – е еден од најзастапените видови спонзоруши кои виреат на нашиве простори. Сепак премалку знае за да би можела да улови некој кој има сериозна количина пари. Доволно за неа е спонзорот да има станче и кола.

Сериозна спонзоруша

Сериозната спонзоруша никогаш не е сосема сиромашна. Секогаш доаѓа од средните слоеви во однос на имот и образование, но потекнува од дисфункционално семејство. Таа изгледа пристијно. Природно е убава и има што да каже. Таа е она што ќе успее добро да се омажи. Никој не сака пар добри гради, а и никој не плаќа сексуални услуги по цена за месечна издршка. Вистинската спонзоруша е тука бидејќи си горд да ја покажеш во јавноста. Нема ни да забележиш дека ја издржуваш, а се ќе направиш за да им покажеш на останатите каква жена те чека дома. Секако таа секогаш потајно ќе смета дека си глуп, досаден или лош во кревет, но сето тоа не е важно кога имаш повеќе нули на твојата сметка и и дозволуваш да ги користи.

Пејачка

Во некој момент ќе заработи доволно пари па нема да и биде потребен нејзиниот сељак нарко дилер, но ќе ти се заблагодари што си ја финансирал нејзината кариера преку текстовите на песните каде не се ни обидела да го скрие името ни приказната.

Сопруга на фудбалер

Се смувала со некое “смотано“ момче и сватила дека смотаниот наскоро ќе биде една од ѕвездите во светот на спортот. Тој и е единствен во животот, а после неговата кариера ќе си купат раскошна семејна куќа каде таа ќе ужива како што од секогаш посакувала.

 

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Uncategorized

Овесна каша, мед и јаболков оцет можат брзо да го смират чешањето и црвенилото по каснување од комарец. Колку и да го сакаме летото,...

____celebrity

Пејачката Шакира синоќа настапи на финалето на Светското првенство, а во таа пригода носеше уникатен костим креиран од брендот Роберто Кавали. За оваа пригода,...

Life Story

Сè повеќе луѓе ја воведуваат оваа навика пред ручек. Високиот холестерол доведува до натрупување на плаки во крвните садови, што може да доведе до...

Green Tea

Ако се сеќавате на трендот „Моќта на шминката“ кој беше исклучително популарен пред една деценија, тогаш не ни треба многу убедување за трансформативната моќ...

Advertisement
casibom   onwin   betpipo   marsbahis   grandpashabet   casibom