Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

КУЈНА

Гријаж торта

Потребни намирници:

– 250 гр. Шеќер во прав
– 500 гр. Шеќер
– 450 гр. Ореви
– 375 гр. Маргарин
– 10  Жолчки
– 30 гр. Брашно
– 10  Белки
– 2  Јајца

Начин на подготовка:

Кора: белките изматете ги пенасто со 250 грама шеќер, додајте 250 грама мелени ореви, брашното и на крај 50 грама сецкани ореви. Печете во плех од шпоред обложен со хартија за печење. Ладното тесто исечете го на три ленти.

За грилијажот: Пржете 250 грама шеќер за да добиете карамел, па додајте 150 грама мелени ореви, сe убаво измешајте и сипете во намрсен плех. Кога смесата ќе се олади, истолчете ја во аван и оставете ја настрана.

Фил: жолчките и јајцата изматете ги со 250 грама шеќер, па матете на пареа. Во ладнот крем додајте го пенесто изматениот маргарин. Од филот одвојте 2-3 лажици, а во остатокот вмешајте го подготвениот грлијијаж. Филувајте ја тортата. Со одвоениот фил намачкајте ја тортата и од страните. Украсете со мелени ореви и чоколадни трошки.

 

 

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Advertisement