Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Здравје

Имате младежи? Радувајте се!

Зашто би требало да ги сакате вашите младежи? Се чини дека некои телесни мани се добри за здравјето…
Повеќето луѓе имаат помеѓу 10 и 40 младежи и без да ги забележат. Бројот на младежите варира во текот на животот, тие можат да се појават во младоста а нивниот век е околу 50 години по што и исчезнуваат.
Иако поголемиот број на младежи го зголемува ризикот од развој на рак на кожа за 10 пати, истовремено може да биде идеален знак за доживување на длабока старост.
Научниците од Кралскиот колеџ во Лондон проучувале повеќе од 9000 луѓе повеќе од 60 години  и востановиле дека оние кои имале 50 или повеќе младежи (бемки) на своето тело живеат во просек 6 години повеќе од оние кои имале под 25 младежи (бемки) по своето тело.
Според нив сето тоа е поврзано со теломерите, кои се наоѓаат на ДНК ланецот, во вид слој кој ја  штити ДНК од надворешни иритации. Теломерите со времето стануваат поеластични а со тоа се намалува и брзината на стареење. Теломерите се всушност се дел од градбата и едни од главните елементи кои ги има во младежите (бемките), што значи дека повеќе младежи повеќе теломери и подобра заштита на ДНК ланецот.
„Шансите оние со повеќе младежи да живеат подолго се огромни, а тоа ни покажува дека веројатноста за болести кои доаѓаат со староста е многу помала.“ –  истакнува Доктор Veronique Bataille, дерматолог во Hemel Hempstead.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Green Tea

Удвојте ја среќата со симболот дијамант и освојте до 10 добивки на еден лоз Инстант лозот „Дијамант“ на Државна лотарија, нуди возбудлива можност за...

Green Tea

Темните кругови можат да нè направат да изгледаме уморни дури и кога сме се наспале добро. Тие исчезнуваат веднаш штом ќе го ставите ова...

Green Tea

Многу рецепти за колачи наложуваат додавање на јајцата едно по едно. Професионалната слаткарка Кристина Лавали за списанието Southern Living објаснува дека ова не е...

____celebrity

Тејлор Свифт пристигна на 60-тото доделување на наградите на Здружението за кантри музика (CMA) во Нешвил, облечена во светложолт фустан без прерамки, со долго...

Advertisement