Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

КУЈНА

Руски посен компир во тава

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

1 килограм компири

Рузмарин

Сладок црвен пипер ( во прав ) или буковец

Масло за јадење

Сол

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Компирот убаво измијте го, олуштете го, а кората сочувајте ја !!!

Излупениот компир исечете го на четвртини или осмини, исперете го под ладен млаз вода. Кората од компирот ставете ја во газа и газата убаво заврзете ја.

Ставате го компирот и лушпите од компир во сад во кој има ладна вода и посолете. Ставете го садот на оган и варете околу 25 минути. Тргнете го садот од оган и извадете ја газата со лушпите и фрлете ја.

Во садот во кој ќе го печете компирот ставете масло за јадење и загреј те го на рингла. Откако садот ќе се загрее во него истурете ги компирите и убаво измешајте, додадете го рузмаринот, црвениот пипер.

Вака подготвените компири ставете ги во веќе загреана рерна на 220 степени целзиусови и печете околу 30 минути ( додека компирот не добие златно кафеава боја )

Уживајте во специфичниот посен вкус!!!

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Green Tea

Не секоја фантазија претставува желба што треба да се реализира – а молчењето често не произлегува од недостиг на доверба, туку од страв од...

Green Tea

Една од најчестите грешки при нанесување шминка е верувањето дека многу лесен коректор најдобро ќе ги покрие темните кругови под очите. Сепак, пред да...

Green Tea

Белата ПВЦ столарија може да го изгуби својот оригинален сјај со текот на времето. Сиви траги се појавуваат околу рачките, додека на прозорските прагови...

Green Tea

Ако ги прашате мажите кој дел од женското тело го сметаат за најпривлечен, многумина веројатно би ги споменале нејзините гради или задник. Сепак, постои...

Advertisement