Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Секс и Врска

Ги прашавме жените: Кои се подобри, фините момци или мачо фраерите?

Работите се менуваат – некогаш на цена беа џенталмените, после нив мачо фраерите и лошите момци, а денес се поголема е „побарувачката“ за фините момци со невин поглед. Еве како размислуваат жените на оваа тема:

Во почетокот бев луда по лошите момци, но во последно време се повеќе ме привлекуваат повлечени мажи кои никогаш не би се осмелиле да пристапат први. Има нешто мистично во нив, мачо фраерите се некако застарена фора – Ивана 24

Јас од секогаш навивам за фините и повлечени мажи. Фраерите некако, се покажуваат уште веднаш на почетокот, додека кај овие другите, мораш да се потрудиш за да стигнеш до возбудливиот дел. Можеби процесот е малку напорен, но дефинитивно заслужува – Маријана, 24

Можеби сум старомодна, но од секогаш сум копнеела за лошите момци. Не можам да си помогнам. Толку се мистични и интригантни и не верувам дека тоа можеш да го добиеш од скромниот и повлечен дечко – Ива, 27

Идеално би било кога би можела да најдам комбинација: Повлечен дечко кој има и лоша страна, а знае да биде и џентлмен. Свесна сум дека ова е само илузија, но сепак тоа би било совршено – Ана, 24

Имав дечко кој беше мачо фраер, а после него мислев дека никогаш нема да ја откријам повторно љубовта. За среќа се заљубив во скромен и повлечен дечко, кој е добар, а знае и да ми помага низ дома, што овој претходно не ни помислуваше. Се чувствувам како да сум освоила џекпот – Марина, 23

Мојот избор се лошите момци. Понатака сигурно повеќе ќе ми одговараат оние мирните и повлечените, но сега сеуште сум доволно загреана па ми треба некој што ќе ме одржува возбудена и напната – Јаница, 21

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

____celebrity

Сите зборуваат за романсата помеѓу русокосата актерка и познатиот актер. Во последните денови, сите зборуваат за љубовната врска помеѓу Памела Андерсон (58) и Том...

Fashion

Ева Лонгорија повторно беше една од главните ѕвезди на гламурозната вечер. Ева Лонгорија повторно беше една од главните ѕвезди на гламурозната вечер во Кан,...

____celebrity

Борбата на Брус Вилис со деменцијата ја тресе јавноста со години. Борбата на Брус Вилис со деменцијата со години го потресува неговото семејство и...

Green Tea

Витаминот Д игра клучна улога во одржувањето на здравјето на коските, зајакнувањето на имунитетот и правилното функционирање на телото. Витаминот Д е еден од...

Advertisement