Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Здравје

Масажа со мед – против замор и стрес

Лековитите сили на медот се познати уште пред илјадници години. Во минатото се користел и како храна и како лек, а познати убавици меѓу кои и Клеопатра, го користеле како средство за разубавување.
Медот е исклучително богат со јаглехидрати, минерали и витамини. Велат дека е природен антибиотик. Кожата сепак впива повеќе од корисните состојки отколку желудникот. Масажата со мед го тонизира целиот организам, помага при главоболки, несоница, депресија, артроза, белодробни и црнодробни болести, хроничен замор, справување со стресот… Бидејќи медот храни, омекнува и ја тонизира кожата, е незаменлива состојка во креми, маски, адитиви за када, балсами за коса, лосиони за тело, балсами за усни и кармини.
Масажата има истовремено терапевтски, релаксирачки и антитоксичен ефект.

Уште во древниот Тибет дознале дека така се отстрануваат наталожените отрови, бидејќи медот ги апсорбира токсините и помага за брзо исфрлање од организмот. Масажите се користат многу успешно во борбата со еден од најголемите непријатели на женската суета – целулитот. Тие дејствуваат поволно не само на кожата и поткожните ткива, но и на циркулацијата и лимфата. Медените масажи ги измазнуваат многу успешно женските тела по раѓање. Исклучително се корисни кај проблематична кожа и настинки во зима.

Без разлика дали за храна, масажа или разубавување, медот треба да биде природен. Така со пет процедури ќе постигнете повеќе отколку со педесет, но со ненатурален мед. За профилактично прочистување на токсини слатката масажа се прави еднаш месечно.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Green Tea

Кога ќе ги почувствуваме првите симптоми на настинка, повеќето од нас инстинктивно посегнуваат по шолја топол чај. Освен што е пријатно топол и опуштачки,...

Green Tea

Ако често ви се чини дека вашиот ориз е леплив, кашест или премногу тврд, не сте сами. Иако изгледа како едноставна храна, оризот бара...

Wall Street

Игрите на среќа на Државна лотарија одамна се дел од секојдневието, не само како можност за добивка, туку и како мигови на забава, надеж...

____celebrity

Актерката Рис Витерспун (49) сподели серија семејни фотографии во празничен дух на својот Инстаграм профил, а една од нив особено го привлече вниманието на...

Advertisement