Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

КУЈНА

Лазањи со зеленчук

Потребни состојки:

  • 300 гр лазањи
  • 600 гр модри патлиџани
  • 300 гр тиквички
  • 300 гр свежи домати
  • 3 лажици маслиново масло
  • 300 гр сирење моцарела
  • 1 лажица вегета

Бешамел

  • 1,2–1,5 л млеко
  • 100 гр остро брашно
  • 100 гр путер
  • 50 гр рендан пармезан
  • сол,бибер
  • мускатно оревче
  • 1 лажица вегета

Начин на подготовка:

Модрите патлиџани измијте ги, исечете ги на кришки по должина со средна дебелина, малку посолете ги и оставете ги околу 15 минути. Потоа исушете ги на хартиена салветка. Тиквичките и доматите исечете ги на тркалца. Во тава на малку масло запржете ги малку модрите патлиџани и и тиквичките и оставете ги да се изладат. За бешамелот, на путер кусо пропржете го брашното и постепено долевајте го млекото со постојано матење. Малку посолете, додадете бибер,потоа мускатно оревче,вегета и гответе на тивок оган околу 10 минути. На крај додадете го пармезанот. На дното на огноотпорен сад ставете малку од бесамелот. Потоа на бешамелот распоредете дел од лазањите па дел од приготвените модри патлиџани и тиквички и наросете со вегета. Потоа наредете дел дел од моцарелата и налејте со дел од бешамелот.Вториот слој започнете го со лазањите на кои сте распоредиле дел од тиквичките и модрите патлиџани и исечканите домати. Наросете со вегета ставете кришки од моцарелата и налејте малку бешамел. Третиот ред повторно започнете го со лазањи,па преку нив ставетего остатокот од модрите патлиџани,тиквичките и моцарелата. Завршете со лазањи и бешамел. Лазањите ставете ги да се печат во загреана рерна на 200 степени околу 30 минути.
Совет: За подготовка на бешамелот користете ладно млеко и постојано матете со жица за матење како би се избегнало создавање нагрутчиња.
Време на подготовка: 60 минути.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Green Tea

Не секоја фантазија претставува желба што треба да се реализира – а молчењето често не произлегува од недостиг на доверба, туку од страв од...

Green Tea

Една од најчестите грешки при нанесување шминка е верувањето дека многу лесен коректор најдобро ќе ги покрие темните кругови под очите. Сепак, пред да...

Green Tea

Белата ПВЦ столарија може да го изгуби својот оригинален сјај со текот на времето. Сиви траги се појавуваат околу рачките, додека на прозорските прагови...

Green Tea

Ако ги прашате мажите кој дел од женското тело го сметаат за најпривлечен, многумина веројатно би ги споменале нејзините гради или задник. Сепак, постои...

Advertisement