Рецепт на Џејми Оливер
За свинско месо
350гр свинска кртина
1 лажичка семе од анасон
1 лажичка црвен пипер
За гравот
Маслиново масло
1 лажичка ким
Млад кромид
Неколку чешниња лук
400гр црн грав од конзерва
За салата
1 свежа црвена или зелена пиперка
2 марули
½ од китка свеж коријандер
1 зрело авокадо
1 голем зрел домат
1 јаболко
Соја сос
1 лажица маслиново масло
1 лимун
За попслужување
Чили сос
4 лажици јогурт без маснотии
8 тако школки од пченка
Подготовка
Свинскто месо исечете го на коцки од 1cm и савете го во голема тава со семето од анасон, црвениот пипер, сол и бибер, и редовно се промешувајте.
Ставете 1 лажица маслиново масло и ким во средно голема тава. Исчистете и исецкајте го младото кромидче , а лукот издробете го. Промешајте ги состојките со гравот, и оставете да крчкаат во тавата.
Исецкајте го чилито, зелената салата и врвите од коријандерот. Исчитете го и исецкајте го авокадото, јаболкото и доматите. Ставете ги сите состојки во чинија за салата, а јаболкото најгоре.
Во мал сад за послужувањеставите малку чили сос во јогуртот и измешајте ги.
Посипете малку соја сос, маслиново масло и лимонов сок на салатата, и промешајте.
Исцедете ја маснотијата од испрженото свинско месо.
Тако школките наполнете ги со свинското месо и травот и послужете ги со салатата.

You must be logged in to post a comment Login