Овој зачинет коктел апсолутно ќе ве освои со лесната подготовка и невообичаениот вкус. Наменет за сите оние кои сакаат малку луто и зачинето, совршена мешавина на текила, грејпфрут и луто пиперче по вкус.

Подеднакво е вкусен и без пиперчето, а доколку се решите да го вметнете во коктелот, имајте на ум дека колку подолго стои пиперчето во течната мешавина – толку полут ќе биде коктелот.
Сите состојки добро се мешаат во длабок сад или бокал и се остава да се излади од 1-3 часа.
Омилената чашка за коктел обложете ја со мешавина од чили пипер, сол и кафеав шеќер и декорирајте со парченца грејпфрут и лимета.
Уживајте!
Потребни состојки:
- 350ml бела текила
- 2 шолји сок од грејпфрут
- 2/3 шолја сок од лимета
- ¼ агаве сируп (или мед)
- 1-2 лути пиперчиња исечкани на кругови
За обложување на чашата:
- 1 лажица црвено чили
- 1 лажица сол
- 2 лажички кафеав шеќер





You must be logged in to post a comment Login