Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Uncategorized

Опасен тренд се шири на Интернет: Поради овој метод на белеeње, можете да ги изгубите забите!

Популарно видео на TikTok кое ги охрабрува младите луѓе да ги избелат забите на овој начин

Еден од најновите трендови за убавина на популарната социјална мрежа „ТикТок“ се видеа во кои тинејџерите тријат заби со белило за да добијат светла насмевка.

На едно вакво видео, кое има постигнато повеќе од 15 милиони прегледи, девојчето објаснува дека самата купува хидроген пероксид, бидејќи тоа е главната состојка во лентите за белење на заби.

Можеме да видиме како таа става водород пероксид на забите со помош на чепчиња за уши и објаснува дека престанала да го прави по четири дена затоа што резултатите биле толку „добри“. Од кога излезе тоа видео, има огромно зголемување на продажбата на водород пероксид.

Сепак, стоматологот предупреди дека овој тренд на „ТикТок“ може да предизвика сериозно оштетување на забите на младите луѓе.

Д-р Кунал Пател од стоматолошка ординација во Велика Британија вели:

  • Употребата на водород пероксид или белило во најдобар случај ќе доведе до болна чувствителност на забите. Во најлош случај, високите концентрации може да доведат до сериозни изгореници во внатрешноста на устата и на непцата. Може да резултира и со губење на забите – предупреди д-р Пател.

Иако резултатите може да изгледаат задоволителни во моментот, тој вели дека примената на белење на забите може да предизвика болка, а проблеми каде поправката ќе чини мало богатство.

Ако ги купите овие супстанции, како што се водород пероксид, на Интернет, тие можат да бидат многу посилни и поконцентрирани од оние што се купуваат во аптека. Затоа постои реален ризик од изгореници и оштетување на забите – изјави д-р Пател за британскиот портал „Метро“.

Лекарот објаснува дека, поради опасностите од извршувањето, белењето на забите секогаш треба да го прави вашиот стоматолог.

Прочитај

Green Tea

Темните кругови можат да нè направат да изгледаме уморни дури и кога сме се наспале добро. Тие исчезнуваат веднаш штом ќе го ставите ова...

Green Tea

Многу рецепти за колачи наложуваат додавање на јајцата едно по едно. Професионалната слаткарка Кристина Лавали за списанието Southern Living објаснува дека ова не е...

____celebrity

Тејлор Свифт пристигна на 60-тото доделување на наградите на Здружението за кантри музика (CMA) во Нешвил, облечена во светложолт фустан без прерамки, со долго...

Green Tea

Дознајте како да го заштитите од студот и правилно да се грижите за него во текот на зимата. Поинсетијата е еден од најубавите украси...

Advertisement