Постојат многу намирници со висок квалитет околу Вас кој не знаете колкаво влијание имаат за Вашето внатрешно и надворешно здравје.
Јогуртот е исклучително важен за Вашето здравје, за кожата, коските,срцето и за се друго. Меѓутоа, покрај тоа што јогуртот влијае на Вашето здравје, тој може исто така да биде корисен и за Вашата убавина.
Јогуртот го чисти организмот од разни токсини и го одржува балансот на крвните садови. Покрај тоа што можете да го користите за разубавувањена Вашето лице, бидејќи сите имате прилика истовремено да бидете здрави и убави.
Ова се некои рецепти кои можете сами да ги приготвите и резултатите ќе бидат видливи за кратко.
ЈОГУРТ ПРОТИВ ПРВУТ
Рецепт: Јогуртот помешајте го со сок од лимон и малку сол, па добро измешаната смеса нанесете ја на темето на главата. После неколку дена ќе можете да ја забележите разликата. Јогуртот можете да го помешате со маслиново масло и да нанесете, повторно би се решиле брзо и едноставно од првутот.
ЈОГУРТОТ Е ПРИРОДЕН ПИЛИНГ
Јогуртот можете да го помешате со овесно брашно и белки од јајце и да нанесете на Вашето лице и оваа смеса брзо ќе ја регенерира Вашата кожа. Не е тајна дека млечната киселина помага во отстранување на нечистотиите и ја прави Вашата кожа мека и мазна.
ЈОГУРТОТ Е ДОБАР ЛЕК ПРОТИВ ЦРВЕНИЛО
Рецепт: Помешајте јогурт со кора од портокал и оставете ја смесата да дејствува доколку Вашата кожа има изгореници од сонце.Со помош на оваа смеса и кога ќе ги забележите резултатите повеќе нема да се плашите да изгорите.
ИСПУКАНИ УСНИ
На испуканите усни ставете малку јогурт кој во него има малку сафран, а во истата смеса доколку сакате можете да додадете и малкку сенф. Смесата е доволно да ја нанесувате два пати дневно и повеќе нема да имате ваков проблем.

You must be logged in to post a comment Login