Ferrari Roma се напојува со 3,9-литарски твин-турбо V8 на Ферари со 620 КС (456 kW), достапен на 7.500 вртежи во минута и максимален вртежен момент од 760 Nm.
Енергијата се пренесува на тркалата преку автоматски 8-степен менувач со двојна спојка, така што автомобилот од 1,472 кг забрзува од мирување на 100 км на час за 3,4 секунди.
Видеото објавено на YouTube каналот на Motorsport Magazine покажува црвено Ferrari Roma кој забрзува од 0 до над 200 км на час со леснотија.
Погледнете сами како тоа изгледаше.
