Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Cotton Club

Еволуција на машните за коса низ историјата! (ФОТО)

Машните за коса можат да го решат „bad hair day“ – и тоа го прават веќе со векови.

Додека украсите за коса датираат од античко време, првиот забележан пример за панделка за коса се појавил дури во 16 век. Во 1590-тите, овој тренд стана популарен кај мажите кои сакаа да ја покажат својата лојалност кон жената носејќи ја косата во опашка која била врзана со лента. Како што машките фризури стануваа сè пократки како што одминуваа вековите, тој додаток излегол од машката мода и до 1800-тите се сметал претежно за женски тренд.

Оттогаш, машните се поврзуваат со женственоста. Младите старлети, поп-иконите и актуелните икони на модните писти ги покажаа машните, докажувајќи ја нивната безвременост.

Погледнете ја галеријата со фотографии за да го откриете потеклото на машничките- од француската монархија до модерните писти.

БРИЏИТ БАРДО – Шишките и машна за коса ѝ станаа визит карта на француската глумица
GIAMBATTISTA VALLI есен/зима 2020 – Машните беа главен мотив во колекцијата, како акцент на шешири и облеката
ВОЛШЕБНИКОТ ОД ОЗ – Иако црвените чевлички можеби беа истакнатиот додаток, Дороти носеше и сина машна за коса што одговараше на нејзиниот фустан во класичниот филм
MISSONI – На пистата на MISSONI во 1986-та година, три модела имаа координиран изглед заедно со машните од тул на задниот дел на главата
ЛЕЈДИ ГАГА – Во 2019 година, Лејди Гага присуствуваше на забавата Мет Гала во креација од Брендон Максвел. Изгледот беше надополнет со џиновска машна, која беше отстранета за да открие неколку други мини машни за коса врзани со нејзините платинести прамени.
LOVELOCK – Пред жените често да носат машни за коса, мажите ја врзувале косата во она што било познато како „lovelock“. Создаден околу 1590 година, ловлок било долго парче коса кое било сплетено, врзано со лента и носено над левото рамо (над нечие срце) за да укаже на лојалност на една личност кон саканата
MICHAEL KORS ЕСЕН/ЗИМА 2018 – Мала сребрена шнола со машничка на пистата во 2018
CHEERLEADERS – И за тимовите од средните училишта и за натпреварувачките тимови, униформите на навивачките не се целосни без машни. Тука, Габи Батлер е сликана во нејзината униформа на навивачкиот колеџ Наваро во хит шоуто на Нетфликс, Cheer
MIU MIU ПРОЛЕТ/ЛЕТО 2019 – Женствени машни се користеа во целата колекција на пролет/лето 2019 Miu Miu, додавајќи женствени допири на забавната мода
ФРАНЦУСКАТА МОНАРХИЈА – Кралот Луј XIII бил првиот француски монарх кој ги нормализирал машките перики, а неговиот син, кралот Луј XIV (прикажан овде), ја продолжил традицијата. Кралот Луј XIV особено влијаеЛ на модата во 17 век, економски поддржувајќи ја индустријата и лично поставувајќи бројни трендови. Откако кралот почнал да ја губи косата, тој никогаш не бил забележан без перика и често ја украсувал косата со машни. Поради поврзаноста со монархијата, машната за коса стана додаток за разликување на класата и статусот
ЧЕТИРИЕСЕТИТЕ – 40-тите години на минатиот век, машните за коса станаа начин за младите жени да го покажат својот статус на врска. Машната на врвот на главата значело дека е слободна, машна од позади покажувало дека не е заинтересирана, а машна од десната страна покажувало дека е заљубена.
ШАНЕЛ ЕСЕН/ЗИМА 2019 – Пенелопе Круз тргна на пистата на Шанел за колекцијата есен/зима 2019 година, збогувајќи се со покојниот Карл Лагерфелд во бел изглед со црна машна
ХЕЈЛИ БИБЕР – Манекенката носи фустан на Александар Ванг со црна машна во косата што носи допир на женственост
MARIE ANTOINETTE – Позната по своите екстравагантни фризури, Мари Антоанет често ги украсувала своите фустани со пердуви, накит и машни. Фризерката на кралицата на Франција, наводно, потрошила над 20.000 франци на панделки само за нејзината коса
CATHERINE DENEUVE – Француската актерка била позната по тоа што често ја врзувала косата со сатенски машни
MADONNA – Жестокиот изглед на Мадона на турнеите во 80-тите опфаќал и лилакова машна врзана на врвот на главата
OSCAR DE LA RENTA ПРОЛЕТ/ЛЕТО 2016 – На модната писта на Де Ла Рента, репчињата на моделите често беа врзани со црна машна
ШЕЕСЕТИТЕ – Овој модел го покажува модниот тренд на создавање машна за коса од контрастни прамени во боја. Машно за коса направени од самата коса ги носеа и многу познати личности, вклучувајќи ги Лејди Гага и Ники Минаж
MINNIE MOUSE – Изгледот на цртаниот лик се состои од фустан со точки и иста таква машна. Мини Маус остави моден впечаток на модните куќи како Венс и Гучи

Прочитај

Fool Moon

Понекогаш животот може да биде тежок и да ви задава разни искушенија, камшикувајќи ве од сите страни, што прави да се чувствувате вознемирено и...

Fine Living

Сместен во приватна шума и близу до платформата за слетување на хеликоптер, имотот се истакнува по многубројните објекти. Се вика Барнхаус и е оддалечен...

Cotton Club

Пепелашка и Црвенкапа во маѓепсаниот Версај! Марија Грација Чиури, дизајнер на модната куќа Диор која секогаш создава облека што пренесува единствена порака и ја...

Fool Moon

“Иднината ни припаѓа на сите нас. На мојата ќерка. На моите деца. На нас. На жените. На секого. На тебе”. По повод Денот на...

Advertisement