Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Fool Moon

Греми 2022: Џон Батист триумфираше со освојувањето на наградата за албум на годината, Silk Sonic ги освои двете најголеми признанија, а на ѕвездите им се обрати претседателот Зеленски…

Синоќа се одржа 64-тото доделување на Греми наградите кое за прв пат се одржа во Лас Вегас и кое обедини многу лица од светот на музиката, филмот и театарот. Освен по гламурозните изданија на познати гости, таа ќе остане запаметена и по достигнувањата на одредени уметници, но и по обраќањето на украинскиот претседател Володимир Зеленски. Мултижанрниот уметник Џон Батист триумфираше со освојувањето на наградата за албум на годината, а ар-ен-би дуото Silk Sonic донесе две од најголемите признанија. За најдобар нов изведувач беше прогласена Оливија Родриго, а претседателот Зеленски ја повика публиката на кој било начин да ги поддржи Украинците…

По тримесечно одложување поради пандемијата, синоќа се одржа 64-тото доделување на Греми наградите. Поради зголемувањето на бројот на позитивни случаи на Ковид-19, таа беше преместена од Лос Анџелес во арената MGM Grand Garden во Лас Вегас.

Американскиот мултижанровски уметник, 35-годишниот Џон Батист ја доби најважната награда на вечерта, онаа за албум на годината. Неговиот албум „We are“ беше инспириран од движењето „Black Lives Matter“. „Верувам во тоа до срж. Креативната уметност е субјективна, „само ја спуштам главата и работам секој ден“, рече Батист.

R&B дуото, во кое настапуваат Бруно Марс и Андерсон, ја освои наградата за песна и плоча на годината за нивниот хит инспириран од 1970-тите „Leave the door open“.

Оливија Родриго, 19-годишна пејачка која дебитираше со синглот „Drivers License“, беше прогласена за најдобар нов изведувач. „Ова е мојот најголем остварен сон. Ви благодарам многу!“, рече пејачката при примањето на трофејот.

Други добитници на 64- Греми награди:

Албум на годината: Џон Батист – „We Are“

Песна на годината: Silk Sonic – „Leave the Door Open“

Најдобра поп/дуо изведба: Doja Cat ft. СЗА – Kiss Me More

Најдобар поп албум: Оливија Родриго – Sour

Најдобар R&B албум: Jazmine Sullivan – Heaux Tales

Најдобра рап изведба: Baby Keem – Family Ties

Најдобар нов изведувач: Оливија Родриго

Песна на годината: Silk Sonic – Leave the Door Open

Најдобар кантри албум: Крис Стејплтон – Starting Over

Најдобра поп изведба: Оливија Родриго – Drives licence

Најдобар „танц“ / електронско снимање: Rüfüs Du Sol – Alive

Најдобар „танц“ / електронски албум: Black coffe –  Subconsciously

Најдобра рок песна: Foo Fighters – Waiting on a War

Најдобар рок албум: Foo Fighters – Medicine at Midnight

Најдобра рап песна: Канје Вест со Џеј Зи – Jail

Најдобар рап албум: Tyler The Creator – Call Me If You Get Lost

Наградата Греми, основана во 1959 година, е годишна награда за исклучителен придонес во музичката уметност и дискографијата, што ја доделува НАРАС, Американската академија за уметност и наука.

Прочитај

____celebrity

Сите зборуваат за романсата помеѓу русокосата актерка и познатиот актер. Во последните денови, сите зборуваат за љубовната врска помеѓу Памела Андерсон (58) и Том...

Fashion

Ева Лонгорија повторно беше една од главните ѕвезди на гламурозната вечер. Ева Лонгорија повторно беше една од главните ѕвезди на гламурозната вечер во Кан,...

____celebrity

Борбата на Брус Вилис со деменцијата ја тресе јавноста со години. Борбата на Брус Вилис со деменцијата со години го потресува неговото семејство и...

Green Tea

Витаминот Д игра клучна улога во одржувањето на здравјето на коските, зајакнувањето на имунитетот и правилното функционирање на телото. Витаминот Д е еден од...

Advertisement