Во однос со неговата издржливост, текстура, формулација, секоја од нас има свој омилен eyeliner кој го одбира кога сака да се нашминка гламурозно. Меѓутоа, малкумина од нас знаат дека изборот на eyeliner може да говори за нашиот карактер.

ТЕЧЕН EYELINER
Девојките и жените кои го избираат течниот eyeliner, во животот секогаш целат кон најдоброто. Доколку употребувате ваков вид на eyeliner, големи се шансите дека сте перфекционист. Иако вие целите кон совршенство, имајте на ум дека такво нешто сепак не постои.

МАРКЕР ЕYELINER
Доколку сакате подебел eyeliner, од оној класичниот или од течниот, значи дека сте со авантуристички дух и дека не се плашите да излезете од очекуваната рамка. Креативноста Вам Ви е јака страна и, иако оваа Ваша карактерна црта премногу доаѓа до израз, тоа е една од особините која најмногу ја сакате кај себе.

МОЛИВ EYELINER
Секој од Вас кој и покрај појавувањето на многубројните производи на пазарот, сеуште го користат eyeliner моливот, се многу отпорни на било каква промена. Нема ништо лошо во тоа секако да ја почитувате класиката, но понекогаш премногу цврсто се придржувате до своите ставови, па останатите би ве карактеризирале како тврдоглава личност.

EYELINER ГЕЛ
Доколку користите гел eyeliner, многу веројатно е дека сте со слободни и отворени мисли. Премногу сте самостални и малкумина можат да не се придржуваат кон планот кој си го зацртале. Кога станува збор за Вашиот стил, секој кој Ве познава ќе каже можеби дека припаѓате на 70-тите години.

You must be logged in to post a comment Login