Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Лице

Како можат Вашите очи да изгледаат поголеми

Направете Вашите очи да изгледаат покрупни со помош на нашите едноставни трикови.

Со малку повеќе знаење и вештина можете да го постигнете она за што отсекогаш сте сонувале- заводлив поглед. За таков поглед се неопходни големи очи. Доколку природата не Ви го овозможила тоа, можете на својот изглед да му дадете предност, ако знаете секако како окото и комплетниот изглед да добијат нова димензија.

Направете Вашите очи да изгледаат поголеми со помош на овие едноставни трикови:

СВИТКАЈТЕ ГИ ТРЕПКИТЕ

Важно е овој завиткувач на трепки да го користите пред да ја нанесете маскарата. Доколку сте заборавиле да го користите, направете го тоа кога маскарата потполно ќе се исуши. Доколку во текот на денот приметите дека изгледот на Вашите трепки се измени ,слободно свиткајте ги , без додавање на маскара.

МАСКАРА И НА ДОЛНИОТ ДЕЛ НА ТРЕПКИТЕ

Многу жени сметаат дека не е потребно да се нанесе маскара на долниот дел на трепките.

Доколку сакате Вашите трепки да изгледаат поголеми, за да го постигнете тој ефект ќе треба да нанесете маскара на долниот дел на трепките, но секако треба правилно да ја нанесете. Најпрво , нанесете тенок врв на долниот дел на трепавиците, а потоа држете ја четката вертикално без да ја ставате четкичката во маскарата и поминете ги трепавиците.

ВЕШТАЧКИ ТРЕПКИ

За драматичен вечерен изглед, пробајте ги вештачките трепки. Важно е да изгледаат што поприродно и не пропуштајте да ги скратите пред да ги ставите. Не заборавајте-за правилно нанесување на вештачките трепки потребна е вежба.

БЕЛ EYE-LINER

Кремастиот бел eye -liner  ќе ви го разбистри окото. Нанесете го на слузокожата на долниот капак. За повеќе да го осветлите пределот околу очите, нанесете го и на долниот и на горниот капак од внатрешната страна.

ХАЈЛАЈТЕР И СЕНКА ЗА ОЧИ

Доколку Вие не сакате да користите eye-liner за да ги истакнете Вашите очи, можете да користите хајлајтер за да го отворите окото.

Нанесете ја сенката за очи како и обично и потоа нанесете фломастер по должината на коската под веѓата. на тоа место нанесете сенка за очи и и на внатрешните делови на очите и уживајте во Вашиот нов изглед.

 

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Route 66

Ова е целта што инвеститорот според бизнис планот и потпишаниот договор е должен да ја исполни – посочи Деспотовски. Според медиумите од Северна Македонија,...

Fine Living

Распространетиот коњанички имот има замок со осум спални соби и 150-години стара чуварска куќа. Двејн Џонсон се префрли во селата на Џорџија.Ентитет поврзан со...

Route 66

Повикувајќи се на добро информирани извори, Bloomberg објави дека Renault размислува да продаде дел од својот удел во Nissan за да собере неколку милијарди...

Fine Living

Домот на Ема Робертс покажува како да се создаде атмосфера на топлина и релаксација во со детали, бои и материјали.Актерката(и внука на Џулија Робертс)...

Advertisement