Пролетна нега
Сувата кожа на лицето е проблем кој многу жени го имаат, посебно после зимските денови. Чувството на затегнатост, црвенило, намалувањето на порите, грубата кожа и брчки се некои од последиците со кои се соочува секоја сува кожа. Она што и е потребно на Вашата кожа е хидратација и разни креми кои се направени со цел да и ја вратат на Вашата кожа потребната хидратација.
![]()
Употребата на различни хидратантни креми е наједноставниот начин најбрзо да ја вратите влажноста на кожата и да и даде младешки изглед на кожата. Добро хидрраната кожа на лицето поспоро добива брчки и изгледа здраво и затегнато. Хидрантната крема дејствува така што продира во горниот слој на кожата и го хидрира, на тој начин правејќи ја кожата помазна и свежа. Многу хидратантни креми не ги содржат истите состојки како кремите против брчки, и тие се добри за употреба доколку сеуште не Ви се потребни anti age креми. Ако Вашата кожа е зрела, тука се кремите кои хидрираат и во исто време се грижат за Вашите потреби против стареењето на кожата.
Во текот на топлите денови, хидратантните креми дополнително ја штитат кожата од дехидратација и оштетувања кои можат да нстанат од висока температура, сонце или магла, затоа веднаш треба од тешките зимски креми да се префрлите на полесни креми бидејќи токму тоа во овој период и треба на Вашата кожа во овој период.

You must be logged in to post a comment Login