Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Лице

7 промени кои ќе ви се случат кога ќе престанете да се шминкате

Она што нè весели кога сме дома, покрај спиењето и гледањето на сите заостанати епизоди од омилената серија, е дефинитивно и лицето без шминка.

7-raboti-koi-kje-vi-se-slucat-koga-kje-prestanete-da-se-shminkate-01.jpg

Тогаш кога не мора да се грижите дали некаде ви се разлеала пудрата или дали ви се „извадила“ маскарата…

7 работи кои ќе ви се случат, ако се одлучите за „au naturel“ лице:

1. На почетокот ќе се чувствувате несигурно

Точно знаеме на што размислувате: Дали ќе изгледам уморно? Или ќе бидам помалку привлечна? Дали колегите и пријателите ќе ми коментираат од страна? Всушност, големи се шансите и никој да не забележи.

2. Можеби, ќе ви се намали нивото на стрес

Да бидеме реални, шминкањето знае да биде стресно. Дали пудрата е рамномерна? Дали цртите со тушот ми се еднакви и на двете очи? Ако решите да не носите шминка на лицето, ќе се ослободите од сите овие напорни прашања.

3. Кожата ќе ви стане поубава

Од пудри, до коректори и руменило – толку многу слоеви кои ги ставате на кожата. И да бидеме искрени, сигурно не ја бришете шминката секој ден, а тоа значи дека нечистотиите остануваат во порите.

4. Ќе изгледате помлади

Посебно ако се шминкате многу. Оние пеги и црвенилото на лицето кои упорно се обидувате да ги сокриете, ќе направат да изгледате помлади.

5. Ќе посветите повеќе внимание на негата на лицето

Ако се откажете од шмиката, тогаш ќе сакате кожата да ви изгледа што е можно подобро, зарем не? Серуми, маски, SPF – сите овие работи ќе ви станат новите омилени производи.

6. Повеќе ќе ја цените вашата коса

Времето кое го имате на располагање, сега ќе го користите и за нега на косата.

7. Можеби ќе сфатите дека немате потреба од шминка (или барем дека ви треба помалку)

Еднаш штом ќе почнете да се шминкате помалку, следното шминкање помалку ќе ви се допаѓа. Наместо течна пудра, сигурно ќе се одлучите само за коректор и тоа ќе ви биде сосема доволно… Наместо комплексно сенчење на очите, ќе ставите само маската…

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Route 66

Ова е целта што инвеститорот според бизнис планот и потпишаниот договор е должен да ја исполни – посочи Деспотовски. Според медиумите од Северна Македонија,...

Fine Living

Распространетиот коњанички имот има замок со осум спални соби и 150-години стара чуварска куќа. Двејн Џонсон се префрли во селата на Џорџија.Ентитет поврзан со...

Route 66

Повикувајќи се на добро информирани извори, Bloomberg објави дека Renault размислува да продаде дел од својот удел во Nissan за да собере неколку милијарди...

Fine Living

Домот на Ема Робертс покажува како да се создаде атмосфера на топлина и релаксација во со детали, бои и материјали.Актерката(и внука на Џулија Робертс)...

Advertisement