Пријателскиот однос со бившиот често може да биде исполнет со збунувачки сигнали. Ако е тој причина за раскинувањето, а сепак инсистира на тоа и понатаму да поминувате време заедно, можно е дека ве посакува назад. За да не го погрешите погрешно неговото однесување, ви откриваме неколку знаци кои откриваат дека посакува помирување.
Ги нагласува своите доблести – Ако навистина ве сака назад, ќе се потрудфи да ги истакне своите доблести. Независно дали станува збор за ново работно место, исфрлање на лоши навики кои никогаш не сте ги сакале или одењево теретана, тој ќе сака да го гледате на позитивен начин.
Се извинува за ситници – Ако грешел и ги занемарувал своите грешки, ќе сака да ви покаже дека се променил така што ќе ви се извинува и за ситници.
Го гледате на места кои ги мразел – Тој многу добро знае каде го поминувате времето, па најверојатно ќе се појавува на вашите омилени места, дури и на оние места кои не ги сакал додека сте биле заедно. Ќе се потруди да ве види, на тој начин ќе ви даде до знаење дека му недостигате.
Има време за вас – Ако ви сметало што секогаш бил презафатен или ги избирал пријателите пред вас, сега ќе посветува големо внимание како би ве уверил дека се променил.
Што би било кога би било – Ако размислува за тоа како би било да сте сеуште во врска или жали за неостварената заедничка иднина, за тоа отворено ќе ви говори, суптилно ќе проба да ви даде до знаење дека ве сака назад.

You must be logged in to post a comment Login