Начинот на кој мажот со погледот го истражува вашето тело, може да ви покаже каков е во кревет. Од друга страна, женскиот поглед не ги оддава толку јасно нејзините сексуални размислувања.
Очите ги издаваат
Истражувањата не се однесуваат само на разликите меѓу Марс и Венера, земајќи во предвид дека истражувачите се надеваат дека нивните резултати ќе можат да се искористат и при утврдување на сексуалните мотивации кај сексуалните натрапници.
“Движењата со очите се спонтани и тешко се контролираат”, вели еден од членовите на истражувачкиот тим од Универзитетот Линколн во Велика Британија.
И раните истражувања утврдиле дека очите ги издаваат мажите кога станува збор за нивните сексуални желби. Пречникот на зениците при гледање секси фотографии, може да ја покаже сексуалната ориентација. Покрај тоа, хетеросексуалците подолго гледаат фотографија од жена отколку од маж, додека хетеросексуалните жени гледаат и мажи и жени отприлика исто време – можеби заради тоа што се споредуваат со конкуренцијата.
Во истражувањето учествувале 30 мажи, на возраст од 18 до 25 години, и друга група составена од припаднички на понежниот пол, од кои сите биле хетеросексуалци. Им биле покажани фотографии од облечени деца, од ворзасни кои тукушто навлегле во 20те, 30те и 40те. Од нив било побарано само да ги гледаат фотографиите, додека апарат ги снимал движењата на нивните очи. Потоа пополниле прашалник во кој одговарале на прашања во врска со нивниот сексуален профил, од колку се воздржуваат кое е во прашање сексот, до тоа колку умеат да бидат „отворени и навалентни”.
Кога млад маж гледа слика од припадничка на спротивниот пол која е отприлика на негова возраст, погледот му се спушта кон градите, половината и колковите. Тоа се делови кои на мажот му испраќаат важен сигнал, бидејќи градите му говорат за сексуалната зрелост на жената, а половината и колковите упатуваат на тоа колку е плодна жената.
Мажите кои се похрабри, смели и секогаш расположени за секс, подолго „густираат“ со поглед, но само кога се во прашање млади жени.

You must be logged in to post a comment Login