Се сомневате во верноста на вашата партнерка? Вашата сомнителност лесно би можела да се открие преку вашата сперма, тврдат научниците во новото истражување
Према зборовите на клиничкиот сексолог Линзи Дое, дури 40% ејакулати во мажот се состојат од таканаречените „камикази“ или сперми „борачи“ чија цел е да се спречи спермата на друг маж да ја оплоди партнерката.
Кога мажите се сомневаат дека партнерката им е неверна количината на таа „агресивни“ сперма драстично се зголемува за да се намали шансата спермата на друг маж да успее да го оплоди јајцето, пишува Дејли Мејл.
„Со микроскопско посматрање на спермата научниците откриле како мажите имаат сперма која може да се нарече „камиказа“, „борци“ или „убијци“. Всушност, дури 40% од спермата која мажот ја ејакулира направена е со намера да ја уништи спермата на друг маж“, кажува Линзи Дое.
Тоа значи дека таа сперма не е дизајнирана за да го оплоди јајцето, туку целта и е да спречи друг маж да го оплоди истото тоа јајце. Докторката Дое оваа метода на спречување на друга сперма да го оплоди јацето ја опишува како „блокирање“. Спермата „борец“ го користи својот опаш за поставување стапица. Всушност, спермата спирално омотани околу јајцето, а со своите опашки прават своевидна барикада или ѕид.
Доктор Дое исто така истакнува како понекогаш спермата „борец“ знае да биде толку агресивна да ќе нападне друга сперма ако ја перципираат како закана, а тој облик на сперма се нарекува „камиказа“.
Кога мажите се сомневаат дека жената ги изневерува, нивното тело произведува поголеми количини од спермата „борец“ со цел да ја спречи спермата на друг маж да го оплоди јајцето на партнерката. Таквите промени можат драстично да го намалат бројот на сперма на која примарна задача ќе биде оплодување на јајцето и како последица на тоа се намалува шансата за зачнување.
Освен тоа, за време на овулација, вратот на материцата во жената се транформира во канали кои се широки колку и главата на спермата кои овозможуваат спермата полесно да дојде до јајцето. Меѓутоа, ако мажот се сомнева дека партнерката го изневерува, неговата сперма неретко ќе ги блокира тие канали за да го спречи поминувањето на сперма на друг маж низ нив.
И додека доктор Дое оваа теорија ја нарекува натпревар на сперма, многу стручни лица не се целосно уверени во нејзиното постоење или пак го негираат. Некои научници сметаат дека доколку жената има односи со неколку мажи, тогаш во нејзиниот репродуктивен механизам различна сперма се натпреварува за да го оплоди јајцето па постојат низа на промени кои се одвиваат како во спермата така и во женското тело. Но тие промени тешко е лабораториски да се проучуваат.

You must be logged in to post a comment Login