Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____совети за врска

Пет типови на кавги кои ги имаат и најсреќните парови

Проблемите во врската или бракот се неизбежни и сосема нормални, исто како и кавгите што произлегуваат од тие проблеми. Не плашете се од гласна и жестока дискусија со партнерот, затоа што тоа не мора да биде знак дека нешто не е во ред со вашата љубовна врска. Напротив, кавгите понекогаш се корисни и се знак за здрави врски.

“Ако никогаш не кажете јасно и гласно дека не се согласувате, гневот и огорченоста се потиснуваат, а подоцна се манифестираат во форма на одмаздничко однесување што може да ја ослаби врската”, предупредува Сузан Хајтлер, брачен советник од Денвер. Без разлика на тоа за каков конфликт се работи, партнерите би требало да знаат да ги вокализираат своите грижи и желби и да најдат разумно решение пред да започнат да спијат во одделни кревети.

Проверете за кои теми понекогаш вреди да се расправате во врска или во брак.

1. Кавги околу трошење пари

Дури и најсложните парови се расправаат за тоа како ќе ги потрошат своите тешко заработени пари. Овој проблем често е подлабок од самиот факт дали можете да си дозволите нешто или не. Честопати станува збор за кавга за различен систем на вредности, објаснува Хајтлер. Следниот пат кога партнерот сака да купи нешто и не се согласувате (или обратно), проверете дали тој што се противи на купувањето треба да се откаже од нешто за да може партнерот да ја купи саканата работа.

Ако одговорот е да, испланирајте буџет за да можете да видите што е реално изводливо. Ако може да се дозволи саканата работа, а вие или вашиот партнер сè уште се спротивставувате на тоа, време е за подлабок разговор. Можеби некој од вас смета дека купувањето на одредени работи е залудно трошење пари. Со разговор на темата можете да размислите како ќе се однесувате понатаму.

2. Кавга за секс

“Пар кој нема секс е ранлив пар и кога има голема асиметрија во вашите желби, тоа е голем проблем”, вели Хајтлер.Со игнорирање проблемот нема да исчезне. Мора да седнете и да се договорите колку често ќе водите убов. Се разбира, водењето љубов не е математика, така што не можете да одредите конретно, но можете да работите на тоа да биде почесто. Игнорирањето на овој проблем може да предизвика еден од партнерите да започне афера.

3. Кавга за лутина

“Ако едно лице пораснало во семејство каде е вообичаено да има лутина, а потоа брзо да помине, а друго лице растело во семејство каде по секоја цена се избегнувале високи тонови, во таква врска тензиите би биле неизбежни”, објаснува Хајтлер и ги советува партнерите да разговараат за тоа кога и двајцата се смирени. “Обидете се да разберете зошто сте толку лути и најдете начин да ги искажете тие чувства без многу експлозија. Лутината е знак дека мора да престанете и ако ја почувствувате, земете пауза”, вели Хајтлер.


4. Кавга за улогата на родителите во вашиот живот

Дали партнерот се лути кога мајка ви се јавува за време на ручекот секоја недела? Дали ве вади од такт кога неговите родители најавуваат дека утре доаѓаат во посета – и дека планираат да останат три недели? Време е да поставите некои граници. Можеби немате исти идеи за тоа што е правилно, а што не, но треба да зборувате за тоа и да ги почитувате ставовите на партнерот. “Клучот е во тоа никогаш да не се критикувате едни со други или семејството на вашиот партнер”, истакнува Хајтлер.

5. Кавга околу домашните задачи

Еден од разговорите што треба да го направи секој пар е распределбата на домашните обврски, како на пример перењето, миењето садови и прошетка на кучето. Разговарајте за тоа кој и кога ќе си ги заврши домашните обврски и придржувајте се кон распоредот за да можете да го зачувате мирот во врската

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Green Tea

Овој моќен зелен, лиснат зеленчук е полн со витамини и минерали, а е најпознат по високите нивоа на железо, што се неопходни за целиот...

Fine Living

90-тите се вратија во декорот на домот, но сега во помодерна, елегантна верзија. Минимализмот, некогаш ладен и стерилен, сега доаѓа со природни тонови и...

Cotton Club

Во ноќ на голема напнатост на модната писта на „Victoria’s Secret“, Бела Хадид привлече внимание со својот жежок и никогаш подобар изглед. Кога се...

Green Tea

Витаминот Ц е еден од најважните хранливи материи, кој во нашето тело игра клучна улога во одржувањето на доброто здравје. Иако често се препорачува...

Advertisement