И мажите и жените прават големи разлики меѓу сексуално и емотивно изневерување, но на потполно поинаков начин
Постојат неколку видови на изневерување, а некои наводно се полоши од другите. Викторија Милан, интернет сервис за луѓе кои бараат афера, спровел истражување меѓу своите 5.000 членови. Главната цел била да се пронајде одговор на прашањето – дали е полошо сексуалното или емотивното изневерување.
Очекувано, одговорите на мажите и жените прилично се разликуваат. Околу 72% од мажите сметаат дека сексуалното изневерување е полошо од емотивното, но со нив не се сложуваат 69% од жените кои емоционалното изневерување го сметаат за полошо. Околу 76% од жените би ја простиле сексуалната афера, а само 35% мажи би биле спремни да им простат на жените.
Разликата се гледа во простувањето на емотивната афера. Всушност 80% од мажите би простиле емотивна афера, а исто тоа би го сториле само 30% од жените. Значи за жените емотивното изневерување е далеку полошо од сексуалното, а за мажите пак тоа дека неможат да се носат со сознанието дека нивната партнерка би спиела со друг маж.

You must be logged in to post a comment Login