Компромис, компромис, компромис – ако го нема во врската, веројатно немате квалитетна врска. Понекогаш е потребно да попуштите или барем да се најдете на пола пат, а ова се најважните работи околу кои морате да се договорите.
Колку често имате секс
Независно од тоа дали сте вие таа што сака почесто или тој едноставно е опседнат со секс, морате да пронајдете златна средина што ви одговара. Инаку ќе имате врска во која некој секогаш ќе страда.
Колку често ги посетувате роднините
Понекогаш за вас е можеби сосема ок, но ако имате момче кое секој викенд сака да ја посети баба си, имате проблем. Важно е да имате време и за себе, но и да одржувате врски со роднините – на вас е само да се договорите колку често е премногу често.
Како ги трошите парите
Една од најчестите караници во врската е токму онаа околу парите – на што се трошат и како, а ако не се договорите околу овој проблем, многу тешко ќе издржите без тензии и несогласувања.

You must be logged in to post a comment Login