Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____совети за врска

Како силните жени се справуваат со раскинувањето?

Раскинувањата знаат да бидат навистина непријатни моменти, особено кога некој ќе ве остави. Тоа е нешто низ кое секоја жена има поминато барем еднаш во животот, но и нешто кое се заборава со тек на време. Скршеното срце е една од најтешките болки, но откако еднаш ќе закрепне се заборава колку всушност болката била интензивна.

Фокусирајте ги своите мисли на нешто друго

Најдобар начин да го преболите раскинувањето е буквално да го тренирате својот мозок да размислува за нешто друго. Клучот е во тоа да изберете некој или нешто за кое би размислувале, а тоа во потполност да ви ги оттргне мислите од раскинувањето. Од планирање на патување, до преуредување на домот – имате безброј работи околу вас кои би ви биле доволно возбудливи. За што и да се одлучите, бирајте мудро затоа што тоа никако не би требало да биде поврзано со вашиот веќе поранешен партнер. Секогаш кога тој ќе ви падне на памет, натерајте се себе си да размислувате за втората работа. На почетокот е тешко, но ако таа работа е доволно привлечна ќе ви помогне да ги отргнете своите мисли од врската која е завршена.

Излезете од дома

Седењето дома гледајќи романтични филмови со енормна количина колачиња може само да направи да се чувствувате потажно, а вашата ментална состојба да стане неподнослива. Отидете во шопинг, гледајте филмови кои не се романтични, направете си нова фризура или забавувајте се со пријателите (колку што е возможно). Направете се што е потребно да излезете од дома и да ги прочистите своите мисли. Направете нешто убаво за себе затоа што вие тоа го заслужувате.

Не го контактирајте

Ова е обично еден од најтешките чекори. Сосема е нормално да мислите на својот веќе поранешен партнер после раскинување. Меѓутоа никако не го контактирајте во било каква форма. Контактирањето е еден од начините да изгледате очајно и да се чувствувате уште полошо. Ако тој вас ве оставил, почекајте тој да ве контактира, а ако не го направи тоа – тогаш уште подобро, затоа што не е за вас.

Не брзајте

Многумина сметаат дека најдобар начин да преболите некого е да се впуштите во врска со некој нов, но тоа е една од најлошите работи кои можете да ги направите. Шансите да го пронајдете „совршениот партнер” веднаш после раскинувањето се еднакви на нула. Исто и сексот за една вечер нема да направи да се чувствувате подобро. Не брзајте со ништо после раскинувањето, затоа што вам ви е потребна независност со цел да се вратите на вистинскиот колосек.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Green Tea

Овој моќен зелен, лиснат зеленчук е полн со витамини и минерали, а е најпознат по високите нивоа на железо, што се неопходни за целиот...

Fine Living

90-тите се вратија во декорот на домот, но сега во помодерна, елегантна верзија. Минимализмот, некогаш ладен и стерилен, сега доаѓа со природни тонови и...

Cotton Club

Во ноќ на голема напнатост на модната писта на „Victoria’s Secret“, Бела Хадид привлече внимание со својот жежок и никогаш подобар изглед. Кога се...

Green Tea

Витаминот Ц е еден од најважните хранливи материи, кој во нашето тело игра клучна улога во одржувањето на доброто здравје. Иако често се препорачува...

Advertisement