Оние денови кога со озбилен, тажен, но одлучен тон ќе кажевме „ Мора да разговараме“ се далеку зад нас. Раскинувањето во четири очи се покажа како премногу напорен за многу парови на денешно време, па тие одлучуваат да го направат тоа на наједноставен начин – преку СМС или фејсбук!
Како што покажуваат резултатите од едно истражување, повеќе од половина од паровите кои ја прекинале врската минатата година, тоа го направиле преку порака или преку социјалните мрежи.
Во студијата учествувале 2.712 испитаници, на возраст од 18 до 30 години, а услов било да имаат барем едно раскинување последните 12 месеци. Резултатите покажале дека 56% од нив раскинале по дигитален пат.
Неверојатен е податокот дека дури 61 процент од испитаниците кои раскинале преку фејсбук, тоа го направиле така што го избришале или блокирале партнерот, без објаснување!
Многу популарен начин за раскинување е и преку е-маил, а за тоа се одлучуваат оние кои сакаат совеста да им биде чиста- повеќето испитаници кои на овој начин ја прекинале врската велат дека маил-от им овозможил во целост да ги објаснат нивните причини ( нормално, без никој да ги прекинува сред реченица)
И во дигиталната ера, сеуште има по некои ретро романтичари – 2 проценти од испитаниците раскинале преку старото добро, рачно напишано писмо!
И покрај овие нови начини за раскинување кои олеснуваат работа, 73% од испитаниците велат дека дигиталното прекинување на врска ги лути многу!

You must be logged in to post a comment Login