Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

____совети за врска

Дами ова се знаците кои ви покажуваат дека не сте еден за друг

Неодобрување од пријателите, неможност за заедничко уживање во активности и често чувство на вина се знаци кои ви покажуваат дека не сте вистинската за него.

Доколку нешто не е ред со вашата врска тоа не значи дека истиот момент треба да се раскине, но ако се зголемил бројот на проблеми и не гледате излез од тоа, тогаш ситуацијата е веќе сериозна и најприфатливо е да бидете искрени меѓу себе.

За разлика од жените кои ја анализираат иднината и сите можни ситуации однапред, мажите се водат од своите моментални чувства. Голем број од нив чувствува притисок дека треба да се оженат и да оформат фамилија, но не се баш сигурни дали тое е поради страв од промена или затоа што подсвесно чувствуваат дека девојката со која се, не е вистинската за нив.

svada-1388758213-23348

Не ве одобруваат неговите пријатели

Доколку неговите пријатели имаат од вас различни филмски, музички вкусови а со него само заеднички  омилен спорт, факт е дека они сепак добро го познаваат. Затоа ако тие мислат дека не сте добар избор за него, или ако вие нив не ги поднесувате, тогаш дефинитивно е знак дека нешто во вашиот однос нешто не функционира. Најдобро што може да се направи во овој случај е да се зборува со некој непристрасен од целата ситуација, по што ќе ви биде појасно во што е проблемот или дали воопшто може да се реши.

Нема активности во кои можете заедно да уживате

После стартниот и интензивен  период  од врската во кое доволно ви било да бидете еден со друг и да се запознаете, вистинската слика излегува на површина покасно. Ќе му дојде до мисла дали ужива да ги поминува со вас мрзливите неделни попладниња, какви се вашите интереси, хобија и тоа што го исполнува дали вас ве пронаоѓа таму, дали може заедно да ви биде убаво. Ако за се ви треба голем компромис и труд од негова страна тогаш и не сте баш компатибилни.

Он е тој дежурен виновник за се

Освен ако е крајно егоистичен и не знае како се функционира во нормалени врски, не би требало цело време да се чувствува како главен виновник кој постојано греши.  Тогаш проблемот е во нереалните очекувања и дека вие сте заљубени во сликата на идеален партнер. Доколку он не може отворено да разговара со вас околу тоа што очекувате од него и да пронајдете компромис, тогаш нема да имате заедничка иднина.

Сексуалниот живот е лош

Ако само го памтите добриот секс од почетокот на вашата врска, мажот може некое време да се убедува дека сексот не е најбитниот дел од врската и дека треба да се концентрира на него површно. Но, тоа не е точно, многу истражувања потврдиле дека редовен и задоволувачки секс е еден од трите клучни услови за стабилен љубовен однос и партнерство.

Вие сте сјајни но не може да се замисли со вас во иднина

Вие сте паметна, секси и не се љутите ако после работа остане со пријателите на пиво. Односно, според општите машки „стандарди“ вие сте совршени. Проблемот се јавува ако со вас толку „совршена“ тој не може да се замисли во иднина, во брак или со деца. За да бидете сигурни дека не се работи само за трема поради промена на животниот стил и поголеми обврски, почекајте неколку месеци и ако тој се чувствува исто, треба да го натерате да биде искрен пред вас и да се разделите.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

Green Tea

Овој моќен зелен, лиснат зеленчук е полн со витамини и минерали, а е најпознат по високите нивоа на железо, што се неопходни за целиот...

Fine Living

90-тите се вратија во декорот на домот, но сега во помодерна, елегантна верзија. Минимализмот, некогаш ладен и стерилен, сега доаѓа со природни тонови и...

Cotton Club

Во ноќ на голема напнатост на модната писта на „Victoria’s Secret“, Бела Хадид привлече внимание со својот жежок и никогаш подобар изглед. Кога се...

Green Tea

Витаминот Ц е еден од најважните хранливи материи, кој во нашето тело игра клучна улога во одржувањето на доброто здравје. Иако често се препорачува...

Advertisement