„За успешен брак потребно е да се заљубите повеќе пати, но секогаш во истата личност!“- мудро рекла Мињон Меклафлин, американска новинарка и писателка.
Научете како да бидете посреќни во бракот. Да бидете вистински задоволни покрај саканата личност со која делите се.
Следните 10 мудрости можат да ни помогнат во тоа, а важат секако- за двајцата сопружници.
1. Никогаш немојте да бидете лути во исто време.
2. Не врескајте еден на друг никогаш- освен ако во куќата не избил пожар.
3. Препуштете му на партнерот честа да „победи“ во кавга кога за тоа ќе се укаже прилика.
4. И критикувајте со љубов.
5. Не ги оживувајте вчерашните грешки.
6. Подобро запоставете го целиот свет отколку еден друг.
7. Не одете на спиење додека не го решите проблемот.
8. Кажете нешто прекрасно на љубовта на вашиот живот барем еднаш дневно.
9. Кога направите нешто лошо- признајте го тоа и побарајте прошка.
10. Не заборавајте дека за танго се потребни двајца. Никој од вас никогаш не е единствениот виновник, како што ниеден од вас не може секогаш да биде оној кој е во право.

You must be logged in to post a comment Login