Многу мажи од драматични изливи на љубов ги фаќа паника. Она што навистина ќе го окупира вниманието на вашиот драг се суптилни и неочекувани изрази на вашата силна и трајна приврзаност.
- Кога ќе излезете во некој фенси ресторан, пофалете го неговиот избор на вино. Ќе ужива да слушне дека има неверојатен истенчен вкус.
- Изнајмете да ги изгледате неговите најомилени 5 филмови на сите времиња.
- Продолжете попратна прегратка, длабоко вдишете и сексапилно шепнете му: “Ммм, прекрасно мирисаш”.
- Кога нешто од козметиката му недостига, докупете. Или парфемот кој го обожува.
- Кога ќе се врати од работа по завршеток на голем проект или страшно исцрпувачка презентација, приредете му забава во двор или на тераса.
- Напишете му некоја еротична порака на замагленото огледало: “Горам од желба за тебе”. Ќе биде видлива кога ќе се истушира.
- Чешкајте му го грбот додека гледате заедно телевизија.
- Изненадете го со неочекуван потег – во последниот час, додека седи до вас, штипнете го за задник.
- Кога веќе правите кафе за себе, направете му и на него без прашање – баш онакво како што тој го сака.
- Покажете му дека разбирате што е навистина важно во животот – така што на неговото верно куче ке му купите ремен.

You must be logged in to post a comment Login