Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Route 66

Зошто гумите пукаат почесто во летните месеци?!

Гумите можат да пукнат во кое било време од годината, но гумите се особено склони кон ова во текот на летото.
За време на возењето, страничните sидови на гумите се наведнуваат, така што површината на шарата што е во контакт со асфалтот е поголема.
Потоа, постои зголемено триење, така што температурата на самата гума се крева. Ако притисокот во гумата е во согласност со упатствата на производителот, тогаш ново генерираната топлина е минимална.

Меѓутоа, ако притисокот во гумата е мал, страничните sидови на гумите се многу пофлексибилни, така што тие самите делумно се потпираат на асфалтот, што создава многу повеќе топлина.
Кога на тоа ќе се додаде зголемената температура на асфалтот во летните месеци, станува јасно дека гумата може лесно да се распадне.
Секоја гума мора да биде правилно надуена и ослободена од оштетување. Инспекцијата на гумите се препорачува најмалку еднаш месечно. Притисокот во гумите треба да се провери кога автомобилот е ладен и не се вози веќе некое време или се управува само за кратко растојание. Продолженото возење и високите надворешни температури влијаат на промената на притисокот

Прочитај

Advertisement