Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Route 66

Xiaomi наскоро ќе го претстави својот прв автомобил…

Спротивно на очекувањата, Xiaomi ќе го претстави својот прв автомобил веќе оваа година.

Додуша, ќе биде прототип, но наводно целосно функционален, што е изненадување со оглед на тоа што компанијата ги објави своите намери во автомобилскиот свет пред нешто повеќе од половина година. Премиерата е закажана за август годинава, дознава Сина Тех.

Според досегашните информации, зад дизајнот на првиот Xiaomi на четири тркала стои Shanghai HVST Automobile Design, кој веќе има многу успешни дизајнерски решенија зад себе. Само се претпоставува дека може да личи на нивниот концепт WM Maven.

Програмата за развој на автомобили започна во март минатата година и беше најавено дека во проектот првично се инвестирани 1,5 милијарди долари, а во следните 10 години ќе бидат инвестирани уште 10 милијарди долари. Фабриката ќе биде отворена во Пекинг со помош на партнери, а откако ќе биде завршена ќе има годишен капацитет од 300.000 автомобили.

Се очекува производството да започне во 2024 година. Xiaomi планира да лансира вкупно четири модели.

Прочитај

Green Tea

Доколку здравјето на срцето е еден од вашите приоритети, знаете дека исхраната е многу важна. Избегнувањето храна богата со натриум и додадени шеќери, заедно...

Green Tea

Кардиологот д-р Франческо Ло Монако предупреди за 4 вида напитоци кои често се рекламираат како подобар избор за вашето здравје, но според него, реалноста...

Green Tea

Витаминот А е суштинска хранлива материја која го поддржува здравјето на кожата, очите и репродуктивното здравје, како и имунолошката функција. Преформираниот витамин А, или...

Life Story

Според Центарот за тестирање на инфекции со кандида во Флорида, овој едноставен тест со вода најдобро е да се направи веднаш по будењето. Пред...

Advertisement