Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Route 66

Volvo целосно електричен за 10 години?

Volvo е една од компаниите во автомобилската индустрија која електрификува со голема брзина. Последниот модел на шведскиот бренд што ќе користи мотор со внатрешно согорување е веројатно следната генерација на теренецот XC90, и тоа од 2030 година.

Volvo сака да испорача само автомобили со нулта емисија, соопшти компанијата.

Производителот на автомобили во сопственост на кинеската компанија Geely ќе има три цели во следната деценија.

Првиот – дека 20 проценти од светската продажба се електрифицирани автомобили (хибриди и електрични), треба да се реализира оваа година.

Потоа, во 2025 година, Volvo сака целосно електрични автомобили да учествуваат со 50% од продажбата, а до 2030 година, само електричните возила треба да бидат на продажба.

„Би бил изненаден ако не испорачаме само електрични автомобили од 2030 година“, изјави неодамна директорот на компанијата Hokan Samuelson за Financial Times Future.

Тој смета дека строгите рокови за ставање крај на продажбата на бензин и дизел се оние што ќе влијаат на клиентите побрзо да преминат на електрични автомобили, а не на финансиски стимулации за „зелените возила“.

„Треба да имаме јасни правила кога да ги оставиме моторите со внатрешно согорување“, додаде Самуелсон.

„Откако ќе сфатите дека бензинските и дизел моторите навистина не се дел од иднината, прилично е лесно да се види дека треба брзо да се свртите кон електричните возила.

Во едно интервју претходно оваа година, Самуелсон додаде дека сака Волво целосно да се префрли на електрична енергија пред владите на земјите да го направат тоа задолжително.

Прочитај

Green Tea

Доколку здравјето на срцето е еден од вашите приоритети, знаете дека исхраната е многу важна. Избегнувањето храна богата со натриум и додадени шеќери, заедно...

Green Tea

Кардиологот д-р Франческо Ло Монако предупреди за 4 вида напитоци кои често се рекламираат како подобар избор за вашето здравје, но според него, реалноста...

Green Tea

Витаминот А е суштинска хранлива материја која го поддржува здравјето на кожата, очите и репродуктивното здравје, како и имунолошката функција. Преформираниот витамин А, или...

Life Story

Според Центарот за тестирање на инфекции со кандида во Флорида, овој едноставен тест со вода најдобро е да се направи веднаш по будењето. Пред...

Advertisement