Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Route 66

Тесла за Топаловиќ: И возилата за заминување на „оној свет“ станаа електрични

Веројатно звучи малку морбидно, но лудоста за електрични автомобили кои можат да влезат во строгите центри на поголемите европски градови, влијаеше и на класата на погребни возила.

Германската фабрика BINZ International е компанија специјализирана за модификации на каросеријата на автомобилот. Покрај продолжените луксузни лимузини, во своето портфолио има и погребни возила засновани на сегашни модели, така што BINZ H2 е базиран на Mercedes E-Class.

Најновиот модел од нивната програма е BINZ.E, т.е. модификуваниот Tesla Model S, едно од првите електрични погребни возила во светот. Можеби звучи бизарно, но побарувачката во големите европски градови за електрични возила од овој тип неодамна значително се зголеми, пишува TopSpeed.

Исто така, кога ќе кажеме „едно од првите“, треба да се напомене дека компанијата Brahms Electric Vehicles веќе нуди три електрични погребни возила – Nissan LEAF во стандардни и проширени верзии, Nissan eNV200 комбе, како и – токму Tesla Model S!

Засега не е познато на која верзија се базира Тесла БИНЗ.Е, иако се претпоставува дека 75Д има околу 415 „коњи“ моќ.

Она што го нуди BINZ.E е, сепак, околу 35 километри подолг опсег од моделот Брамс, или 350 километри вкупна автономија со едно полнење на батеријата. Цената не е позната, но веројатно ќе биде слична на моделот Брамс, кој чини малку повеќе од 150.000 евра.

Прочитај

Fool Moon

Понекогаш животот може да биде тежок и да ви задава разни искушенија, камшикувајќи ве од сите страни, што прави да се чувствувате вознемирено и...

Fine Living

Сместен во приватна шума и близу до платформата за слетување на хеликоптер, имотот се истакнува по многубројните објекти. Се вика Барнхаус и е оддалечен...

Cotton Club

Пепелашка и Црвенкапа во маѓепсаниот Версај! Марија Грација Чиури, дизајнер на модната куќа Диор која секогаш создава облека што пренесува единствена порака и ја...

Fool Moon

“Иднината ни припаѓа на сите нас. На мојата ќерка. На моите деца. На нас. На жените. На секого. На тебе”. По повод Денот на...

Advertisement