Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Route 66

Škoda добива информативен екран кој спасува животи…

ŠKODA Enyaq iV добива информативен екран напред наместо предната табла.

Засега се работи за прототип кој е дел од истражувањето насочено кон зголемување на безбедноста на другите учесници во сообраќајот. Имено, со имплементацијата на системот за асистенција ADAS, автомобилите и вештачката интелигенција преземаат се повеќе задачи во свои раце, а тоа бара најдобра можна комуникација со другите учесници во сообраќајот.

Така, Škoda разви надворешен информативен екран на местото на предната решетка, кој може да испрати јасни пораки до пешаците кога е безбедно да ја преминат улицата со едноставни анимации. Кристалната маска за лице има екран со анимирана графика која наскоро би можела да стане реалност, односно во некоја форма да влезе во стандардната понуда на производителот.

Изведбата на тестот можеби не е најконзистентна, но јасно укажува на нејзината ефикасност. Кога пешакот ќе види анимација со зелени стрелки и слика на пешак, јасно ќе препознае дека е безбедно да се помине улицата. Исто така, кога ќе види црвен екран со предупредувачки знак, ќе знае дека автомобилот се движи и дека не е безбедно да се помине патот.

Од Škoda веруваат дека овој концепт може значително да го намали бројот на загинати пешаци во сообраќајот.

Прочитај

Green Tea

Удвојте ја среќата со симболот дијамант и освојте до 10 добивки на еден лоз Инстант лозот „Дијамант“ на Државна лотарија, нуди возбудлива можност за...

Green Tea

Темните кругови можат да нè направат да изгледаме уморни дури и кога сме се наспале добро. Тие исчезнуваат веднаш штом ќе го ставите ова...

Green Tea

Многу рецепти за колачи наложуваат додавање на јајцата едно по едно. Професионалната слаткарка Кристина Лавали за списанието Southern Living објаснува дека ова не е...

____celebrity

Тејлор Свифт пристигна на 60-тото доделување на наградите на Здружението за кантри музика (CMA) во Нешвил, облечена во светложолт фустан без прерамки, со долго...

Advertisement