Во 1950-тите и раните 1960-ти, десничарскиот ОАС се обиде да го спречи отцепувањето на Алжир од Франција со сите методи, претежно насилни. Нивниот најлош непријател бил францускиот претседател генерал Шарл де Гол, кого го сметале за предавник, бидејќи тој се согласил да одржи референдум за отцепување и одби да користи воена сила за да ја спречи независноста на Алжир.
Имало неколку обиди на ОАС за атентат врз Де Гол, најпознатиот и најдраматичен што бил организиран на 22 август 1962 година од група предводена од Жан-Мари Бастијан-Тири во париското предградие Кламарт, додека Де Гол патувал до аеродромот Орли.
Дванаесет члена на ОАС од заседа пукале во црниот „Цитроен ДС“ на 22 август 1962 година, при што загинале двајца придружни мотоциклисти, додека возачот на претседателот, иако неговите гуми биле пробиени со куршуми, успеал да ја искористи уникатната хидропневматска суспензија на ДС и брзо да го одведе Де Гол и сопруга од местото на атентатот.
Тоа било фантастично рекламирање за Citroën DS, а Шарл де Гол подоцна лично ќе го спречи Fiat да го преземе Citroën, сакајќи компанијата да остане француска. Бастијан-Тири бил егзекутиран следната година, откако Де Гол одбил помилување.
Приказната за атентатот го инспирирала Фредерик Форсит (инаку страствен љубовник на автомобили, кој особено го сакал брендот Јенсен) да го напише познатиот роман Ден на Чакал, по што беше направен успешен филм.
Citroën DS засекогаш остана поврзан со овој француски претседател, па дури и денес моделите до редизајнот во 1967 година популарно се нарекуваат Деголки.
