Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Route 66

Renault најави шест новитети, меѓу кои и враќањето на „четворката“…

На претстојниот салон за автомобили во Париз, RENAULT ќе претстави шест новитети кои се најавуваат во блиска иднина, како и продолжување на трансформацијата на некои од неговите сегменти.

Прв на листата е Alpine. Со последната објава, брендот најави електричен кросовер, но оттогаш ништо не видовме. Многумина се надеваат дека Париз е местото каде прво ќе го видиме појавувањето на новиот електричен модел чие производство би требало да започне во 2025 година.

Кога станува збор за Renault, ретрото е дефинитивно во мода. Renault 4 дефинитивно се враќа, и тоа како електричен модел. Сепак, сите други информации се уште вешто се кријат во компанијата. Само да се надеваме дека, како и неговиот претходник, ќе понуди многу повеќе од симпатичен изглед и дека барем делумно ќе ја задржи достапноста на својот претходник.Постои голема веројатност да го видиме новиот Renault 5. Иако веќе го видовме во јануари оваа година, сега треба да не изненади „спортскиот неконвенционален изложбен модел“ – веројатно некоја уникатна интерпретација. Електричните изданија на E-Tech на Kangoo, Megane и Austral исто така доаѓаат.

Dacia е голема непозната. Официјалните материјали велат дека компанијата ја претставува „последната фаза во трансформацијата на нејзиниот визуелен идентитет“. Да се ​​надеваме дека тоа е повеќе од само ново лого и можеби вклучува некој нов производ.
Конечно, тука е и Mobilize со мал модел Duo наменет за услугата carsharing и Hyvia, која најави новина на водород (Master Van).

Прочитај

Green Tea

Студеното време често доведува до сувост и лупење на усните, поради што карминот може да ги нагласи малите пукнатини и неправилности. Еден од начините...

____celebrity

Толку голем човек, и таков финансиски ужас што можеше да го доживее Новиот филм на Том Круз „Копач“, во режија на Алехандро Гонзалез Ињариту,...

____celebrity

Кејти Холмс го покажа своето ново момче на црвениот тепих. Додека многу холивудски ѕвезди поминуваат часови подготвувајќи се за своите појавувања на црвениот тепих,...

____celebrity

Се разведе од сопругата, а потоа ја ожени со друг. Врската по развод не мора секогаш да биде исполнета со напнатост и непријатност, а...

Advertisement