Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Route 66

Pagani Huayra Supernova – „Хиперлепотан“ со астрономска цена

Како што дефинира речникот, супернова е експлозија на sвезда… Сега, благодарение на брендот Pagani , тој израз претставува и неверојатен хиперавтомобил со цена од неколку милиони долари…

Италијанскиот бренд штотуку воведе сосема нов Huayra Roadster BC именуван по овој небесен феномен, и како што ни се чини на прв поглед, тој е подеднакво моќен и блескав. Уникатното моторно возило на четири тркала го порача богатиот канадски колекционер, Оливие Бенлулу од OB Prestige Auto, кој работеше директно со Хорас Пагани за да го создаде овој автомобил. Прекрасниот спортски автомобил доби изложени карбонски детали, финиширани со боја Oro Rossa (розово злато). Главната декорација е неговата предна хауба во форма на V, која покажува и розово злато и класичен карбон.

Спектакуларниот екстериер на автомобилот е нагласен со златни, треперливи акценти кои ги красат неговите кривини, како sвезди на небото. Ако тоа не ви е доволно сјај, знајте дека оваа егзотична убавица има и тркала Bronzo Chiaro со иста дијамантска искра, заедно со црвени сопирачки дискови.

„Ова не е оригиналната конфигурација. Тоа беше всушност промена во последен момент и навистина ни е драго што Оливие се реши на ваков смел потег “, објаснува Крис Грин, генерален директор на салонот во Торонто.

Внатрешноста може да се опише како неакцентирана во споредба со екстериерот, но во исто време, тој дефинитивно испушта паганско чувство на луксуз. Се одликува со комбинација на кремаста кожа и уникатна тартан ткаенина на седиштата, заедно со црни детали од Алкантара на таблата и златни часовници со инструменти. Сепак, главниот декор на кабината е дефинитивно менувачот кој е создаден од неколку слоеви на карбон и балса дрво.

Под хаубата немаше потреба да се игра со совршенство. Како стандард, Huayra спакува еден од дво-турбо напојуваните мотори на AMG со 6,0-литарски V12, кои можат да развијат sверски 800 коњски сили, давајќи му можност на моделот да забрза од нула до 100 километри на час за само 3,5 секунди и да достигне максимална брзина од 321 километри на час.

Huayra Roadster BC, кој дебитираше во тркачката арена пред да се појави на салонот во Монтреал во 2019 година, ќе биде ограничен на само 40 единици ширум светот. Во моментов, ова е единствениот модел пронајден во Канада. Секој автомобил во своето фабричко издание чини 3,5 милиони долари, што ги прави најскапи. Ако на тоа ги додадете процесот и цената на прилагодување, може да претпоставите дека цената на ова издание на Supernova е астрономска.

Прочитај

____celebrity

Сите зборуваат за романсата помеѓу русокосата актерка и познатиот актер. Во последните денови, сите зборуваат за љубовната врска помеѓу Памела Андерсон (58) и Том...

Fashion

Ева Лонгорија повторно беше една од главните ѕвезди на гламурозната вечер. Ева Лонгорија повторно беше една од главните ѕвезди на гламурозната вечер во Кан,...

____celebrity

Борбата на Брус Вилис со деменцијата ја тресе јавноста со години. Борбата на Брус Вилис со деменцијата со години го потресува неговото семејство и...

Green Tea

Витаминот Д игра клучна улога во одржувањето на здравјето на коските, зајакнувањето на имунитетот и правилното функционирање на телото. Витаминот Д е еден од...

Advertisement