Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Route 66

Ламборгини лансира нов модел – Aventador Svj Roasterter Xago Edition

Влијанието на вирусот корона го чуствуваат сите индустрии и сите брендови ширум светот, што ги принуди да се прилагодат и да го проментат нивниот начин на работа…

Во овој нов свет, многу активности се преселуваат во светот на интернет, додека брендовите сега ги прилагодуваат своите услуги во таа насока. Ламборгини го претстави своето ново виртуелно студио „Ад Лијам“, кое нуди виртуелни консултации со клиенти од целиот свет кои сакаат да ги персонализираат своите автомобили, без да го посетат одделот „Ад Ликам“ во Санта’Aгата Болоњезе, Италија.

Познатиот италијански бренд го воведе и ограниченото издание Aventador SVJ, за да го прослави започнувањето на новата услуга. Наречен Aventador SVJ Roadster Xago Edition, овој модел ќе се произведува во само 10 примероци, додека секој сопственик ќе има можност практично да го конфигурира и персонализира својот автомобил.

Шестоаголниот дизајн е доста важен во дизајнeрскиот костур на Ламборгини – го видовме во дизајнот на хибриден модел Xian порано. Дизајнот е исто така доминантен во дизајнот Xago Edition. Ламборџини вели дека нивниот хексагонален дизајн за овој автомобил е инспириран од хексагонални облаци на Северниот пол на Сатурн.

Покрај тоа, моделот со ограничено издание ќе добие свои, ексклузивни тркала. Тапацирот во кабината на возачот, исто така, содржи хексагонален дизајн кој совршено ќе одговара на надворешноста, додека покрај тоа, секој автомобил ќе добие сопствен број на регистарски таблички.

Механички кажано, моделот со ограничено издание е идентичен со стандардната варијанта и се напојува со 6,5-литарски V12 модел со внатрешно согорување, кој произведува 759 коњски сили. Според овој бренд, моторот му дава можност на новиот автомобил да забрза од нула до сто километри на час за само 2,6 секунди, со најголема брзина од 350 километри на час.

Advertisement
Advertisement

Прочитај

Advertisement