Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Route 66

Колку заработија производителите по продаден автомобил за време на пандемијата, а кој е во загуба

Пандемијата на коронавирус веќе ги доведе производителите на автомобили во голема неволја, а крајот на кризата сè уште не е на повидок.

Како и обично, еснафот ќе го плаќаат работниците, бидејќи многу автомобилски компании најавуваат реструктурирање, затворање на фабрики и отпуштање на вработените.

Дека состојбата во автомобилската индустрија е многу сложена, покажуваат и податоците од студијата објавена од германскиот сајт Ханделсблат.

Иако повеќе или помалку, сите најголеми светски производители забележаа пад на продажбата во 2020 година, некои заработија многу за продадени автомобили, додека други и овде остварија загуби.

На пример, Volkswagen, кој претрпе пад на продажбата од 28% во 2020 година, дополнително е во неволја затоа што забележа просечна загуба од 415 евра на секој испорачан автомобил оваа година.

Од друга страна, неговиот најголем ривал, Тојота, забележа уште поголем пад на продажбата (-29%), но успеа да заработи во просек по 533 евра за секој продаден автомобил.

Некои други германски брендови исто така имаа загуби во 2020 година при продажба на возила. БМВ остана „краток“ во просек за 1.100 евра по испорачан автомобил, а Мерцедес-Бенз за околу 600 евра по продадено возило.

Сепак, Порше заработи просек од скоро 10.000 евра за секој продаден автомобил оваа година.

Прочитај

Fool Moon

Понекогаш животот може да биде тежок и да ви задава разни искушенија, камшикувајќи ве од сите страни, што прави да се чувствувате вознемирено и...

Fine Living

Сместен во приватна шума и близу до платформата за слетување на хеликоптер, имотот се истакнува по многубројните објекти. Се вика Барнхаус и е оддалечен...

Cotton Club

Пепелашка и Црвенкапа во маѓепсаниот Версај! Марија Грација Чиури, дизајнер на модната куќа Диор која секогаш создава облека што пренесува единствена порака и ја...

Fool Moon

“Иднината ни припаѓа на сите нас. На мојата ќерка. На моите деца. На нас. На жените. На секого. На тебе”. По повод Денот на...

Advertisement