Најголемиот светски производител на автомобили во 2019 година беше Кина, со дури 27.290.302 возила, што е за над 2,5 пати повеќе од најблискиот придружник. Сепак, Кина не ни беше на Топ-10 листата до пред само две децении.
До пред само 20 години, сегашниот лидер не беше меѓу првите десет производители на автомобили во светот, само за да се појави на него во 1997 година, со релативно скромни 1,6 милиони возила произведени годишно. Ова беше проследено со неверојатно зголемување на производството во Кина, кое во 2019 година запре на нешто повеќе од 27 милиони автомобили направени во домашните фабрики.
Овде треба да се напомене дека вкупниот број на произведени возила во една земја го вклучува оној што странските производители ги склопуваат во своите фабрики што ги граделе во странство – со или без помош од земјата домаќин.
Списокот на топ 10 држави во светот значително се разликуваше по бројот на автомобили направени во 1950 година, кога започнува видеото на каналот на Јутјуб „Data is Beautiful Stats“, покажувајќи анимирана табела на најдобрите 10 најголеми производители во последните седум децении, пренесува сајтот AutoRepublika.
Интересно е што од 1950 година, убедливо први на списокот се Соединетите држави, во кои годишно се склопуваа повеќе автомобили годишно до почетокот на 1960-тите, отколку во другите девет држави комбинирани!
Подоцна, таа разлика постепено се намалуваше, а првата земја што успеа прво да се закани, а потоа да ги престигне Соединетите држави по бројот на произведени возила за една година, беше Јапонија, уште во 1975 година.
Погледнете го комплетното видео на кое се гледа како се смени редоследот на првите 10 држави по производство на автомобили, од година во година, во последните седум децении:
