Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Route 66

Hyundai открива кога пристигнува Ioniq 5

Hyundai веќе објави дека ќе претстави повеќе нови електрични модели во следните неколку години, под брендот Ioniq.

Поточно, најавени се три модели за почеток, а првиот ќе биде Ioniq 5, чијашто премиера сега е потврдена за 23 февруари.

Ioniq 5 ќе биде компактно кросовер-купе, инспирирано од концептот Hyundai 45 од салонот во Франкфурт во 2019 година, додека модуларната платформа E_GMP ќе служи како основа. Во веста се наведува и дека Ioniq 5 ќе има тркала од 20 инчи.

Некои неофицијални информации велат дека возилото ќе го придвижува два електромотори со вкупно 313 КС (ќе има погон на сите четири тркала), а забрзувањето од 0 до 100 km/h ќе биде 5,2 секунди.

Прво издание на Ioniq 5 со батерии од 58 kWh и автономија од 450 километри (според WLTP) ќе биде првично достапно, но веќе е најавена варијанта со батерии од 82 kWh и автономија од 550 km.

Покрај тоа, се споменува и системот за полнење 800V, како и фактот дека потребни се само 15 минути за полнење од 20 до 80% од капацитетот на батеријата.

Првите испораки на Ioniq 5 First Edition во Европа се очекуваат во јуни или јули, но сè уште не е познато по која цена (само се најавува дека ќе биде конкурентен).

Прочитај

Green Tea

Доколку здравјето на срцето е еден од вашите приоритети, знаете дека исхраната е многу важна. Избегнувањето храна богата со натриум и додадени шеќери, заедно...

Green Tea

Кардиологот д-р Франческо Ло Монако предупреди за 4 вида напитоци кои често се рекламираат како подобар избор за вашето здравје, но според него, реалноста...

Green Tea

Витаминот А е суштинска хранлива материја која го поддржува здравјето на кожата, очите и репродуктивното здравје, како и имунолошката функција. Преформираниот витамин А, или...

Life Story

Според Центарот за тестирање на инфекции со кандида во Флорида, овој едноставен тест со вода најдобро е да се направи веднаш по будењето. Пред...

Advertisement