Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Route 66

Citroen Spacek може да се продаде за 200 илјади евра, а јасно е зошто…

Единствената копија на Citroen 2CV, популарниот Spacek, чија каросерија е направена од дрво, би можел да се продаде меѓу 150.000 и 200.000 евра на аукција во Франција на 4 јуни, објавија организаторите Ајмерик и Филипе Руилак.

„Тоа е единственото дрвено возило во светот кое е во совршена возна состојба. Тоа е надвор од секоја конкуренција. Во исто време, тоа е уникатно возило и уметничко дело“, тврди Ајмерик Руилак.

Тие ја процениле цената што може да ја постигне дрвениот Spacek врз основа на „светскиот рекорд за едно 2CV“, кој е продаден за 176.000 евра. Овој модел го има „сиот потенцијал да го надмине тој рекорд“, вели Руилак.

Аукцијата ќе се одржи во Монбазон во централна Франција. Каросеријата на 2CV тип AZKA е од 1955 година и е целосно изработена од дрвo, за кое се погрижил пензионираниот француски столар Мишел Робилар.

За изработката на браниците се користело ореово дрво, каросеријата од дрво од круша и јаболко, а вратите и капакот на багажникот од дрво од цреша.

„Возилото го помина тестот за техничка контрола, има сообраќајна дозвола од 1957 година, регистрирано е, па може да оди на пат“, објасни Ајмерик Руилак.Столарот Робилард, кој веќе изработувал дрвени модели за Ferarri, почнал да прави дрвен Spacek во 2011 година.

„Посветив пет години од мојот живот, 5.000 часа работа дење а понекогаш и ноќе. 2CV излезе од мојата работилница во септември 2017 година“, се сеќава тој.

„Срцето ми потона. Но, не е важно, веќе имам друг проект во мојата глава: DS21 Cabriolet купето Chapron планирам да го завршам за 27 месеци и на тој начин да прославам 70 години од DS“, изјави Робилард.

Прочитај

Green Tea

Ново истражување сугерира дека грчкиот јогурт нуди придобивки што одат подалеку од само внес на протеини и има неверојатни придобивки за телото по тренингот....

Cotton Club

Ако постои едно парче облека што никогаш не излегува од мода, тоа се панталоните со широки ногавици. Од 1970-тите, тие се омилени меѓу жените...

____celebrity

Овие денови, сите зборуваат за раскинувањето на Никол Кидман и Кит Урбан. И додека сме љубопитни да знаеме што доведе до тоа, двајцата очигледно...

Green Tea

Кога зборуваме за витамин Д, обично зборуваме за недостаток, но понекогаш можеме да одиме во друга крајност. Имено, сè повеќе луѓе земаат додатоци на...

Advertisement